Експлозија при кражба на нафта во Мексико, над 20 мртви
Во екслозијата на нафтовод кај градот Тлахуелипан во Мексико загинаа најмалку 21 лице, а 71 се повредени, објавија светските новински агенции, повикувајќи се на информациите од мексиканските власти.
Според полицијата, несреќата се случила кога крадци се обиделе да украдат гориво и пробиле цевка. Гувернерот на Идалго, Омар Фајад, потврдил дека спасувачите пронашле 21 тело.
„Постои многу жешко подрачје до кое не можеме да пристапиме и затоа мислиме дека бројот на мртви или повредени би можел да биде поголем“, рекол Фајад.