Кирацовски: Кривичната за Џафери е беспредметна, а за кривична против Иванов не вреди ни да се размислува
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, од Битола изјави дека кривичните пријави против претседателот на Собранието, заменикот секретар на Собранието и до директорот на „Службен весник“ се без предметни, а во врска со потпишувањето и објавувањето на Законот за јазиците и ратификацијата на Договорот со Грција се беспредметни.
„Ние како политичка партија целосно го поддржуваме потегот на претседателот на Собранието Талат Џафери, односно потпишувањето на Законот за употреба на јазиците и ратификација на Договорот со Република Грција. Претседателот Ѓорге Иванов согласно член 75 став 3 од Уставот беше должен да го потпише Законот за употреба на јазиците затоа што два пати минуваше и беше изгласан во Собранието, и затоа сметам дека кривичните пријави против Џафери се без предметни, а дали ќе има основа за поднесување кривична пријава против претседателот на државата, искрено да ви кажам нити сме размислувале, нити пак е вредно да се размислува“, изјави Кирацовски.