Путин пред храмот: Благодарам на пријателството
"Ви благодариме за вашето пријателство", се единствените зборови кои рускиот претседател Владимир Путин ги упати пред црквата на Свети Сава на српски јазик.
Според полицијата, на платото пред храмот Свети Сава се собраа повеќе од 100.000 граѓани за поддршка на рускиот претседател. Тие се собраа на покана на Српската напредна партија, партијата на претседателот, Александар Вучиќ.
Претходно, на прес-конференција во Палатата на Србија, Путин прашан од новинар што ќе им каже на граѓаните кои се собраа во предниот дел на храмот, рече дека тој собир за него е изненадувачки и неочекуван.
"Моите посети не предвидуваат учество на митинзи", рече претседателот на Русија.
"Но, може да кажам дека многу топло се однесуваме кон овие гестови на пријателство. Односите меѓу Русија и Србија не се од вчера и денес, тие се создадени во текот на вековите, имаат силни и длабоки корени и ние сме поврзани со духовна интимност ", заклучи Путин.
Путин и претседател на Србија, Александар Вучиќ и српскиот патријарх Иринеј вешерва се во посета на најголемата православна црква на Балканот, чија изградба беше поддржана од страна на руската држава.
Вучиќ претходно, на прес-конференцијата со Путин во Палатата на Србија, рече дека Русија ќе продолжи да работи на храмот и оти ќе одвои пет милиони евра.
Инаку, граѓаните на Белград, но исто така и оние кои пристигнаа со автобус од различни делови на Србија, се собраа во попладневните часови во центарот на српскиот главен град, Теразије, каде што организирано тргнаа кон околу два километри одалешениот храм на Свети Сава.