Европскиот парламент повика на ослободување на истакнат азербејџански блогер
Европските пратеници со големо мнозинство усвоија резолуција со која се повикува на безбусловно ослободување на затворениот азербејџански блогер Мехман Хусеинов, кој пишува против корупцијата.
Во резолуцијата, која денеска беше поддржана од страна на сите поголеми политички партии во Европскиот Парламент, се повикува Баку да ги отфрли сите нови обвиненија против Хусеинов.
Исто така се изразува „загриженост во врска со неговото здравје за што властите треба да ја обезбедат целата стручна медицинска помош и да овозможат редовен пристап за неговото семејство и привилегираниот правен советник.“
Необврзувачката резолуција ги повикува институциите на ЕУ да обезбедат дека ослободувањето на Хусеинов и други политички затвореници во Азербејџан „останува приоритет во билатералните односи меѓу ЕУ и Азербејџан.“
Во текстот исто така се повикува Азербејџан целосно да ги гарантира слободите на медиумите и изразувањето.
Повиците за солободување на Хусеинов се интензивираа внатре и надвор од Азербејџан, откако тој доби ново обвинение на крајот на минатиот месец, само неколку месеци пред неговото очекувано ослободување од затвор.
Хусеинов, како и бројни други политички затвореници, започна штрајк со глад.
Тој веќе служи двегодишна казна затвор за обвиненија за клевета, што тој и неговите поддржувачи сметаат дека се политички мотивирани.
Адвокатот на Хуесеинов изјави дека тој може да се соочи со седум години казна затвор доколку биде осуден за новото обвинение.