Димитров во посета на Турција
Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, денеска е во работна посета на Анкара, каде се сретна со министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу и со претседателот на Големото народно собрание на Турција, Бинали Јилдирим, соопшти МНР.
Димитров во рамки на посетата ќе се сретне и со министерот за одбрана Хулуси Акар и со виски претставници на Кабинетот на претседателот Ердоган.
На средбата со Чавушоглу била потврдена посветеноста на двете страни за натамошно градење на блиски, пријателски и партнерски меѓусебни односи, а се дискутирало и за можностите за подобрување на соработката во економијата, инвестициите, образованието, клултурата и т.н.
Чавушоглу потенцирал дека Турција и понатаму максимално ќе ја поддржува Македониај во евроатлантските интеграции и позитивно ги оценил најновите случувања во земјата во тој контекст.
Димитров истакнал дека Македонија ги затвора отворените прашања со цел земјата да биде извадена од равенката на несигурност, преку членството во ЕУ и НАТО.
На крајот на средбата двајцата министри потпишале Меморандум за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји.