Стразбур пресуди во корист на трансродово лице од Македонија
Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда со која Македонија ќе треба да плати 9 илјади евра отштета на трансродово лице, затоа што му се повредени правото за приватност и правото на ефикасен лек во текот на процедурите за промена на полот во Македонија.
Тужбата е поднесена од лицето “Икс”, застапуван од адвокатката Наташа Бошкова. Лицето Икс кој бара да остане аноинимен, е роден во 1987 година како девојче, но, од детството тој се чувствува како машко. Во 2010, “Икс” започнува постапка за менување на полот и се соочува со правни и административни замки поради кои со поддршка од коалицијата Маргини, ја тужи државата во Стразбур.