Продолжува собраниската расправа за Законот за антикорупција
На денешното продолжување на вчерашната седница на македонскиот парламент ќе продолжи расправата по Законот за Антикорупциска. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за 16 часот. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните недоразбирања постигнаа согласност за овој закон. Како што е соопштено, парламентарното мнозинство прифати 20 од 40 предложени амандмани од опозицијата.