Мировник на САД: Талибанците ќе мора да преговараат со авганистанската Влада
Американскиот мировник Залмај Калилзад денеска изјави дека мирен крај на 17-годишниот конфликт во Авганистан, бара од Талибанците да се вклучат во директни разговори со авганистанската Влада, кои постојано ги одбиваат.
Калилзад зборуваше за авганистанските медиуми во Кабул за неговата последна посета на земјата, во услови на дипломатски напори да се стави крај на конфликтот кој започна со инвазијата на САД во 2001 година.
„Патот до мир ќе бара од Талибанците да седнат со други Авганистанци, вклучувајќи ја Владата“, рече Калилзад.
„Постои консензус меѓу сите регионални партенри за оваа точка“, додаде тој според соопштението за печатот на амбасадата на САД во Кабул.
Претставниците на Талибанците одамна одбиваат од одржат директни разговори со авганистанската Влада, за која велат дека е американска кукла.