Словенечкиот Парламент отфрли иницијатива за референдум за мигрантите
Словенечкиот Парламент денеска одби иницијатива на две партии да се одржи референдум на кој ќе се одлучи за прифаќање или одбивање на глобалниот пакт за миграции, односно на декларацијата од Маракеш.
Иницијативата ја поднесоа Словенечката демократска партија на Јанез Јанша и Националната партија кои предложија референдумско прашање: „Дали сте за тоа Словенија да пристапи кон Глобален договор за безбедно уредена законска миграција со која се изедначуваат легалните и илегалните миграции?“
Паралментарниот одбор за надворешна политика по четиричасовна расправа одлучи дека таков предлог не е адекватен за почеток на законодавна процедура за распишуавње референдум. За предлогот гласаа само претставници на двете партии подносители.