Томсон: Македонија е важен сојузник на САД
Македонија е важен сојузник на САД и оваа администрација продолжува со поддршката за влез на земјата во НАТО и имплементација на Преспанскиот договор со Грција, изјави за МИА заменик државениот секретар за контрола на вооружување и меѓународна безбедност Андреа Томсон, додавајќи оти очекуваат и Атина да го исполни својот дел од договорот.
Таа не ја коментираше изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Преспанскиот договор е постигнат под надворешен притисок и дека Македонија со сила сака да се внесе во НАТО, наведувајќи дека „тоа е политичка пропаганда неповрзана со стабилноста и безбедноста на Балканот.“