Патрола на коалицијата предводена од САД во Сирија погодена од експлозија
Во денешна експлозија, во близина на патрола на коалицијата предводена од САД во северниот сириски град Манбиџ, убиени се и повредени повеќе од десетина луѓе, соопшти сириската група за следење на војната, додека неименуван дипломат на САД изјави дека американски војници загинале во експлозијата.
Сириската опсерваторија за човекови права со седишт во Лондон соопшти дека 16 лица загинале, вклучително најмалку сириски војници поддржани од САД. Оттаму додаваат дека девет цивили биле ранети во експлозијата.
Нападот доаѓа денови откако САД го почнаа процесот на повлекување од Сирија, повлекувајќи опрема од североистокот во соседен Ирак.
Засега нема коментар од коалицијата предводена од САД за тоа дали има жртви во коалициските сили.
Но, новинската агенција Ројтерс цитира неименуван претставник на САД како вели дека четири војници на САД биле убиени, а тројца повредени во експлозијата.
Интернет страница за вести поврзана со групата на Исламската држава претходно објави соопштение велејќи дека напаѓач со самоубиствен елек целел патрола на коалицијата предводена од САД која работела во Манбиџ.
Шефот на Обсерваторијата Рами Абдурахман вели дека експлозијата била предизвикана од бомбаш самоубиец, но не објавува дополнителни докази.