Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против Законот за борба против корупцијата
Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси по скратена постапка е на дневен ред на денешната собраниска седница. Речиси една година државата е без антикорупциска комисија, бидејќи власта и опозицијата не можеа да се усогласат околу текстот на законот.