Во експлозија во фабрика во Русија повредени 4 лица
Во експлозија на хемиска фабрика во Русија повредени се 4 лица. Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко изјави дека во експлозијата била оштетена и зградата на фабриката "Полипласт", која се наоѓа 140 километри југозападно од Санкт Петерсбург.
Се истражуваат причините за несреќата, при што фабриката е дел од поголем индустриски комплекс во кој работат околу 185 луѓе. Во фабриката се произведуваат хемиски состојки за градежни материјали.