Иран нема да ја повлече војската од Сирија
Командантот на иранската Исламска револуционерна гарда, генерал мајор Мохамед Али Џафари изјави дека неговата земја нема да ја повлече својата војска и оружје од Сирија и покрај заканите од Израел.
Ден претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека властите се одлучни да дејствуваат против Иран во Сирија повеќе од било кога. Џафари ги нарече заканите смешни и ја предупреди израелската власт дека си игра со неговата земја.