Ѕанакопулос: Цел на Владата е Договорот од Преспа да помине со 151 глас
Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос изјави дека целта на Владата е Договорот од Преспа да помине со најмалку 151 глас. Според него, технички тоа не е потребно, но во следниот период ќе имаат доволно време јавно да дискутираат за позицијата на секој поединечно.
Тој во интервју за грчката телевизија „Open“ истакна и дека не може да одреди конкретен датум кога договорот ќе дојде на дневен ред во грчкиот Парламент, но потенцираше дека нема да задоцни.