САД очекуваат брзо да добијат пристап од Русија до приведениот за шпионажа
Соединетите Држави соопштија дека очекуваат наскоро да добијат пристап до американскиот државјанин Пол Вилан уапсен под сомневање за шпионажа во Русија и ќе побараат негово итно враќање ако неговиот притвор е несоодветен.
"Во следните неколку часа се надеваме дека ќе добиеме конзуларен пристап за да го видиме и да добиеме шанса да дознаеме повеќе", изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео пред новинарите, додека беше во посета на Бразил.
Руската новинска агенција РИА новости пак денеска го цитираше портпаролот на Министерството за надворешни работи како изјавува дека Русија дозволила конзуларен пристап до Пол Вилан . Стејт департментот веднаш не потврди дека Москва обезбедил конзуларен пристап. Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 31 декември соопшти дека уапсила еден американец, подоцна идентификуван како Пол Вилан, поради тоа што извршил шпионажа.