Забрана за движење на камиони на патот Маврово – Дебар
Поради врнежи од снег и засилен северен ветер, од превентивни причини, од 15:25 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно, информираат од АМСМ.
Поради можни навеви од снег пак локалната самоуправа на Кавадарци упати апел до жителите од Поткожувјето да се воздржат од неитни патувања.
Согласно најавите од УХМР Скопје, од денеска попладне следи промена на времето проследена со врнежи од снег и засилен северен ветер, како и пад на температурата до -10 C. Врнежите од снег ќе започнат во вечерните часови и ќе бидат проследени со засилен северен ветер, при што е можна појава на снежни навеви и голомразица, појаснуваат од градоначалничкиот кабинет, додаваат од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци.