Кривични пријави против организаторите на „Правда за Давид“
Полициската управа на Бања Лука му упати на Окружното јавно обвинителство кривични пријави против Давор Драгичевиќ и уште три лица поради сомневање дека извршиле кривично дело „загрозување на безбедноста“. Драгичевиќ е под сомнение дека на 27 и 30 декември во текот на протестите „Правда за Давид“ во Бања Лука јавно упатил сериозни закани против две лица кај кои предизвикал чувство на страв и загрозеност. Полицијата се уште е во потрага по Давор Драгичевиќ, татко на убиеното момче Давид. Тој последен пат бил виден на 30 декември во близина на една џамија. Полицијата ги забрани протестите на групата „Правда за Давид“.