Болсонаро положи заклетва како претседател на Бразил
Новоизбраниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро стапи на функцијата со полагање заклетва во Бразилија во присуство на претставници од многу земји. 63 годишниот Болсонаро, поранешен капетан, го мина патот од маргинален и исмејуван конгресмен до лидер од кој повеќето Бразилци очекуваат да ги сузбие корупцијата и насилството. Болсонаро кој е симпатизер на американскиот претседател Доналд Трамп стана претседател по победата во вториот изборен круг над Фернандо Хадад чија Работничка партија победуваше во претходните четири изборни циклуси.