Трамп ги покани лидерите на Конгресот во Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп за денеска ги покани во Белата куќа лидерите на двата дома на Конгресот на брифинг за безбедноста на границата по ќорсокакот околу буџетот кој доведе до делумно затворање на американската влада. Тие, како што е соопштено, треба да бидат запознаени од Министерството за внатрешни работни за ситуацијата на границата со Мексико. Се уште не е јасно дали ќе дојде и до преговори меѓу конгресмените и администрацијата за завршување на делумната блокада на владата. Трамп бара 5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мекиско, на што се противат демократите во Конгресот.