Времето денеска: сончево со умерена облачност
Во Македонија ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од еден до девет степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.