Пекинг го задржува правото за реунификација со Тајван
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Пекинг ќе ги искористи сите средства против секоја сила која се противи на обединувањето на Кина со Тајван кое, како што рече, најверојатно и ќе се случи. Претходно претседателот на Тајван Цаи Инг Вен изјави дека кинеското мешање во политичкиот и социјалниот развој на Тајван претставува „најголем предизвик во моментов“. Кинеските националистички сили предводени од Чанг Каи Шек во 1949 година пребегаа на Тајван откако ја загубија граѓанската војна против комунистите.