Пакистан ги стопира летовите од Кина поради коронавирусот
Пакистан ги запре сите летови од Кина откако Светската Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба поради коронавирусот. Пакистанските власти денеска соопштија дека 22-та лета неделно ќе бидат сопрени до втори февруари.
Во Пакистан се уште нема регистрирано случај на заболен од коронавирус, но здравствените власти соопштија дека на четворица пакистански студенти во Кина им е дијагностицирано тоа заболување.
Околу 500 студенти се во кинескиот град Вухан каде што изби епидемијата. Исламабад засега не планира итна евакуација ниту на речиси 30 000 Пакистанци кои студираат таму, иако нивните родители бараа да бидат донесени во земјата.