Судири меѓу полицијата и демонстрантите на стотиот протест против либанската влада
Најмалку 20 лица се повредени во судирите што избувнале меѓу демонстрантите и безбедносните сили синоќа во Бејрут, јавуваат агенциите. Неколку стотици Либанци се собрале на митинг во главниот град, на сто дена од протестите против новата влада за која сметаат дека е поврзана со политичката класа обвинета за корупција и лошо работење.
Протестите во Либан продолжија и покрај тоа што новата власт ја презеде функцијата на 21-ви јануари по едномесечниот политички ќор-сокак. Сега владата ја предводи шеесетгодишниот професор на Американскиот универзитет во Бејрут, Хасан Диаб со 20 министри, претежно експерти со поддршка од политичките партии.
Владата се формираше на неполни три месеци по оставката на премиерот Саад Харири. Либан бешебез влада од оставката на Харири на 29 октомври, после две недели протести низ целата земја.