Најмалку 14 повредени во денешните судири во Багдад
Најмалку 14 лица биле повредени денеска во Багдад во новите судири со демонстрантите и полицијата, додека 17 лица се повредени во јужниот град Насиријах. Безбедносните сили повторно користеле борбена муниција и солзавец против демонстрантите во Багдад и другите ирачки градови, пренесува „Ројтерс“.
Новиот обид на полицијата да ги растера демонстрантите доаѓа неколку часа откако популистичкиот шиитски свештеник Моктад ал-Садр, кој има милиони приврзаници во Багдад и јужен Ирак, го најави повлекувањето од антивладините протести. Поддржувачите на Садр почнаа да се повлекуваат од демонстрациите рано утрово по неговата објава.