Во следниве месеци Грција ќе ги затвори мигрантските кампови
Грција ќе ги затвори големите мигрантски кампови на островите во Егејското море за неколку месеци и ќе ги замени со центри за депортација рече денеска грчкиот министер за миграции Нотис Митаракис. Како што јавува германската агенција ДПА министерот рекол дека камповите ќе бидат затворени од летото 2020 година. До оваа негова изјава доаѓа откако илјадници демонстранти излегоа на улиците за да протестираат против камповите на островите Лезбос, Хиос, Лерос, Кос и Самос. Скоро 75.000 луѓе дојдоа во Грција од Турција во текот на 2019 година, a околу 40 000 се уште се останати на островите.