Краснов именуван за нов јавен обвинител на Русија
Горниот дом на рускиот парламент го назначи Игор Краснов за нов државен јавен обвинител. Тој на позицијата дојде по предлог на претседателот Владимир Путин. Гласањето следува два дена по номинацијата на Краснов кој доаѓа како наследник на Јури Чајка, кој беше јавен обвинител речиси 14 години.
Предлогот на Путин следува неколку дена откако руските пратеници во државната дума со мнозинство гласови го избраа поранешниот шеф на федералната даночна служба Михаил Мишустин за нов премиер. Путин го предложи поранешниот Мишустин за премиер откако претходно владата на досегашниот Дмитри Медведев поднесе оставка.
Тој потег, пак, следуваше по обраќањето на Путин до нацијата во федералното собрание во кое тој побара уставни измени со кои ќе се зголемат ингеренции на парламентот. Некои набљудувачи, пак, сметаат дека целта наизненадувачките уставни измени кои ги најави Путин е да се задржи тој на власт и по 2024 година кога му истекува претседателскиот мандат.