ВМРО-ДПМНЕ од понеделник тргнува на терен
ВМРО-ДПМНЕ од понеделник, 20 јануари ја започнува кампањата „Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”, соопшти на прес-конференција генералниот секретар на партијата Игор Јанушев. Тој вели дека тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе го посетат секој дом, секое населено место и ќе разговараат со сите граѓани.
„Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме“, рече Јанушев.
Тимовите ќе почнат со посетите на руралните средини од следниот викенд и, како што вели, Јанушев нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен.
Тој најави и дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“.