Стејт департментот ја поздрави одлуката на Тирана да протера ирански дипломати
Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, ја поздрави и ја пофали одлуката на албанската Влада да протера двајца ирански дипломати од земјата.
„Иранскиот режим продолжува да ги користи своите дипломатски објекти во Европа како покритие за заговор на терористички напади, како и да им се заканува и да ги шпионира Иранците кои живеат во странство„, наведе Ортагус.
Во средата, албанската Влада ја потврди веста за протерување на двајцата ирански дипломати, Мохамад Али Арз Пеиманемати,трет советник и Сеид Ахмад Хосеини Аласт, аташе за култура, поради активности во „спротивност со нивниот статус“. И двајцата според албанските медиуми биле соработници на убиениот ирански генерал Касим Сулејмани и биле директно поврзани со него.