Претставничкиот дом испрати резолуција за импичмент на Трамп во Сенатот
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес испрати резолуција за отповикување на претседателот Доналд Трамп до Сенатот. Со тоа се создадени услови за почеток на судењето на шефот на Белата куќа во горниот дом на парламентот. Трамп е обвинет за злоупотреба на функцијата и за опструкција на Конгресот во врска со наводите дека вршел притисок врз Украина да покрене истрага против неговиот политички ривал Џо Бајден, можен кандидат на демократита на претседателските избори на 3 ноември годинава и оти за возврат ја стопирал испораката на воента помош на Киев. Конгресмените усвоија и список на таканречени обвинители кои на судењето во Сенатот ќе го застапуваат Претсавничкиот дом.