Рохани повика на национално единство во Иран
„Луѓето сакаат да се уверат дека властите се однесуваат кон нив со почит, интегритет и доверба“, рече Рохани и побара од оружените сили да им се извинат и да објаснат како точно дошло до трагедијата.
Минатата недела украинскиот патнички авион беше погоден по грешка од иранските воздушни сили, веднаш по полетување од аеродромот во Техеран, а во несреќата загинаа сите 176 луѓе кои беа во него. Трагедијата се случи неколку часа откако иранската војска истрела ракети кон две воени бази во Ирак во кои беа сместени американски војници, како одговор на американскиот напад во Багдад во кој загина иранскиот командант Касем Солејмани. Во првите денови од несреќата иранските власти не кажаа дека тие го урнале авионот, туку тоа го сторија на 11 јануари, по што и избувнаа протестите.
