Шпанската влада положи заклетва
Пет министри во коалициската влада доаѓаат од партијата Обединети можеме, а нејзиниот лидер Пабло Иглезијас е еден од четворицата заменици премиери во новиот проширен кабинет. Санчес како приоритети на новата влада ги постави социјалните реформи, економскиот раст и дијалогот со сепаратистите во североисточна Каталонија. Сите 22-јца министри одделно денеска се заколнаа дека ќе го почитуваат шпанскиот устав и дека ќе и бидат лојални на монархијата.
Коалициските влади се вообичаени во многу европски земји, но во Шпанија конзервативците и социјалистите владееја самостојно наизменично по враќањето на демократијата во 1978 година до што дојде по смртта на генералот Франциско Франко во 1975 година.
