Лустрацијата ги скара пратениците
Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски на прес-конференција во Собранието изјави дека „кон опструкцијата на законот“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, попладнево се приклучиле и пратениците од ДУИ и ДПТ. Седницата, на која поради немање кворум, не можеше да се утврди ниту дневен ред, ќе биде закажана дополнително.
Претходно пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски рече дека со овој закон на кодошите кои напредувале во кариерата врз таа основа им се овозможува дури и обештетување. Владата минатиот месец го утврди законот со кој се поништува лустрацијата наведувајќи дека со него „се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки“, а се предвидува и надоместок на штета.
