Времето денеска - Облачно и дождливо
Времето во земјава денеска ќе биде претежно облачно и од изутрина со повремен дожд кој особено на југозапад и на повисоките места ќе преминува во слаб снег. На планините врнежите ќе бидат од слаб снег.
УХМР соопштува дека ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до минус 5, а дневната од 1 до 7 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 6 степени.
Во наредниот период ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по котлините.