Пронајдени девет мигранти од Египет во близина на Кратово
Во близина на Кратово, полициски службеници вчера лишиле од слобода едно лице, откако во неговиот автомобил биле пронајдени девет мигранти без документи.
„Во текот на вчерашниот ден околу 20:00 часот во близина на Кратово, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(28) од Богданци, поради тоа што на регионалниот пат Страцин – Кратово, при преглед во неговото патничко возило „ауди А6 “, со бугарски национални ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти без документи, а по нивно кажување, сите од Египет“, соопштуваат од МВР.
Оттаму посочуваат дека лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија и Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје.