Ден на жалост во Украина по падот на авионот во Техеран
Во Украина денеска е Ден на национална жалост, по падот на украинскиот авион во Техеран, при што загинаа сите 176 луѓе кои биле во авионот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќање до нацијата, на еден ден по несреќата, рече дека државата е подготвена да им ја обезбеди сите потребна помош на семејствата кои изгубиле некого во несреќата. Тој рече дека несреќата не треба да биде тема за сензација на социјалните мрежи или пак да се користи за теории на заговор.
Украинскиот авион бил во оган пред да падне во близина на аеродромот во Техеран, покажува првичниот извештај на Иранската цивилна авијациска организација објавен денеска. Во вчерашната несреќа на Украинскиот меѓународен авиопревозник, кој патуваше од Техеран до Киев, загинаа сите 176 луѓе кои беа во авионот.
Украинските власти соопштија дека 82 ирански државјани, 63 Канаѓани, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, тројца Германци, тројца Британци и 11 Украинци загинале при падот на авионот.