Русија му го продолжи куќниот притвор на американскиот инвеститор Калвеј
Судот во Москва денеска го продолжи куќниот притвор на американскиот инвеститор Мајкл Калвеј и на неговиот партнер, францускиот државјанин Филип Делпал Делпал. Тие во куќен притвор остануваат до 13 февруари. Судот, исто така, го продолжи куќниот притвор за двајца руски државјани, поранешни директори на „Восточни банка“, Алексеј Кордичев и Александар Цакунов, исто така до 13 февруари.
Тие беа приведени во февруари минатата година и обвинети за финансиска измама.
Сите негираат дека го прекршиле законот и велат дека случајот се користи против нив да се изврши притисок во спорот со друга компанија за контрола врз банката. Калвеј по апсењето два месеци беше во притвор, по што казната му беше заменета со домашен притвор.
Овој случај ја вознемири бизнис заедницата во Русија.
Калвеј, е основач на компанијата Баринг Восток. Беринг Восток е една од најголемите и најстарите фирми со приватен капитал кои работат во Русија. Основана е во раните 90-ти од минатиот век и управува со повеќе од 3,7 милијарди американски долари капитал.
Калвеј е еден од двајцата Американци кои моментално се соочуваат со потенцијално судење во Русија. Во Русија во притвор е и поранешен американски маринец Пол Вилан, кој е уапсен во 2018 под обвинение за шпионажа, што тој го негира.