Гутереш – Светот не може да си дозволи војна во Персискиот Залив
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска апелираше да се зачува мирот, истакнувајќи дека светот не може да си дозволи војна во Персискиот Залив. Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик денеска го повтори апелот на генералниот секретар до светските лидери да ја запрат ескалацијата и повторно да отворат дијалог.
„Наша заедничка должност е да ги вложиме сите напори да избегнеме војна во Персискиот Залив која светот не може да си ја дозволи“, рече Гутереш и додаде дека ќе го продолжи контактот со клучните страни.
Тој го упати апелот по иранските напади врз американски бази во Иран, како одмазда против американскиот воздушен напад во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Солејмани.