Макрон: промената во преговарачкиот процес останува предуслов за преговори
„Ги споделувам вашите напори да постигнете единство на Самитот во Загреб во мај и тој да биде успешен за Европа. Франција предложи нова методологија, со цел процесот на проширување да не биде само бирократски процес, туку вистински политички пат напред кој може да биде и забрзан и реверзибилен, кој содржи услови, но и конкретни придобивки за земјите кандидати“, изјави Макрон.
На самитот на ЕУ во октомври, Франција го блокираше започнувањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Хрватска, која го презеде шестмесечното претседавање со Унијата на први јануари, сака да го одблокира тој процес. Пленковиќ рече дека е задоволен што Макрон изразил оптимизам за успех на Самитот во Загреб.
