Државата ќе потроши шест и пол милиони евра за кампањата на партиите
„За оваа намена за Претседателските избори беа потрошени околу 3 милиони и 800 илјади евра. Сега во буџетот се предвидени нешто над 233 милиони денари, но во другите ставки имаме резерва да се дополнат некаде скоро до 400 милиони денари. Значи, има доволно средства. Сметам дека можеби ќе има потреба да се дополни оваа ставка, но ќе се обидеме тоа да го направиме со пренамена од останатите ставки каде ќе заштедиме, рече претседателот на ДИК Оливер Деркоски на денешната седница на Комисијата.
ДИК на седницата усвои и Планот за јавни набавки што се однесуваат и на редовното функционирање на Комисијата, но и за реализација на изборните активности.
