Владата ќе даде речиси 100 000 евра како помош за Австралија
Повеќе од пет милиони хектари земја се изгорени во пожарите што ги зафатија сите шест австралиски држави и една територија, во кои има и човечки жртви и стотици уништени имоти.
Во изминатите денови се регистрирани екстремни температури во државите Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија. Во делови од Сиднеј викендот беа измерени 48 Целзиусови степени и ветрови од 80 км на час.
