Пожари во Австралија, Нов Јужен Велс прогласи вонредна состојба
Владата на австралискиот Нов Јужен Велс прогласи седумдневна вонредна состојба како одговор на ескалацијата од пожари.
Потикнати од високите температури и силниот ветер, над 200 пожари горат низ Нов Јужен Велс и државата Викторија.
„Приоритет денес е борбата против пожарите и евакуацијата, овозможување безбедност за луѓето“, рече австралискиот премиер Скот Морисон пред новинарите кој дополни дека:
„Постојат делови и од Викторија и од Нов Јужен Велс кои се целосно уништени, без електрика и комуникација“.
Во пожарите од септември досега во двете држави загинаа18 лица и уништени се над 1.200 куќи.
Илјадници луѓе денеска побегнаа од Нов Јужен Велс и Викторија поради што автопатите кои водат кон Сиднеј и Канбера беа блокирани од долги колони од автомобили