Времето денеска: сончево и постудено
Ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во југоисточните делови. Утринската температура ќе биде од минус 10 до два, а дневната од нула до девет степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде минус три, а дневната ќе достигне до пет степени.