Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Май
2018

Новости за 02.05.2018

„Реквием“ - Моцартовата последна исповед повторно во Македонска филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

Моцартовиот „Реквием“, едно од грандиозните дела на класичната музичка литература, по подолго време повторно ќе се најде на репертоарот на Македонска филхармонија. Симфонискиот концерт насловен како „Requiem Aeternam“ е планирано да се одржи в петок, на 4 мај, а со оркестарот ќе диригира маестро Емил Табаков од Бугарија.

Новиот американски државен секретар најави „тврда дипломатија“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот директор на ЦИА Мајк Помпео положи свечена заклетва како нов американски државен секретар, најавувајќи „тврда дипломатија“ за унапредување на американските интереси. На церемонијата во Стејт департментот присуствуваше и претседателот Доналд Трамп. „Ќе водиме тврда дипломатија кога треба за да ги ставиме интересите на американскиот народ на прво место“, рече тој пред вработените во Стејт департментот. Тој оцени дека нуклеарниот договор со Иран има недостатоци и најави селење на амбасадата во Израел од Тел Авив во Ерусалим. Читать дальше...

Чавков по вторпат излезе од притвор

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, излезе од притвор по вторпат, потврди за МИА директорот на истражниот затвор Скопје, Ѓоко Котевски. Апелациониот суд претходно ја потврди одлуката на Кривичниот суд, Чавков со недвижен имот во вредност од 600 илјади евра да гарантира дека нема да избега ако излезе од истражниот затвор во Шутка. Чавков е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните во Собранието од 27 април минатата година.



Заев - Верувам дека е можно решение за името пред одржување на Советот на министрите на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Верувам дека може Македонија заедно со Грција да постигне решение пред одржување на Советот на министрите на ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по потпишувањето на меморандумот за соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили. Прашан кога очекува да се достави компромисно решение за името во ОН, Заев рече дека не сме далеку од решение, но можеме да бидеме и стварно далеку од решение. „Би сакал да постигнеме... Читать дальше...

Грција ќе го намалува бројот на бегалци во камповите

SlobodnaEvropa.mk 

Грчката Влада најави дека ќе преземе мерки за намалување на бројот на лица сместени во пренатрупаните бегалските кампови на островите во Егејското Море. Грчкиот министер за миграции Димитрис Вицас при денешната посета на островот Лезбос, соопшти дека Владата во Атина планира до крајот на септември да го намали бројот на мигрантите сместени во камповите на пет грчки острови од сегашните 15.500 на 6.500, колку што е и капацитетот на овие прифатни центри. Најавата доаѓа по се погласните протести... Читать дальше...

Тетовци ќе бараат еколошка правда

SlobodnaEvropa.mk 

Еколошките невладини ќе им помагаат на граѓаните во Тетово, кои поради загадувањето имаат здравствени проблеми, да бараат отштета на суд.

Заев - Третина од младите Роми во Македонија имаат најмалку средно образование

SlobodnaEvropa.mk 

Една третина од граѓаните Роми на возраст од 22 до 25 години завршуваат високо, средно или терциерно образование во земјава и тој процент е повторно висок во однос на земјите од Западен Балкан, информира денеска премиерот Зоран Заев за време на презентацијата од Истражувањето за социо-економската положба на граѓаните Роми во Република Македонија, како една од петте земји од Западен Балкан опфатени во Регионалното истражување на Светска банка и УНДП, финансиски поддржано од ЕУ. Сепак, Заев вели дека „може и мора подобро“. Читать дальше...

Телеграмите во Франција заминаа во историјата

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот телекомуникациски оператор Оранж денеска потврди дека после скоро 140 години ја укинува услугата за испраќање телеграми, која е речиси целосно заборавена во време на новите технологии за комуникации. Информацијата се појави во понеделникот на една минута пред полноќ, во моментот на прекин на сервисот. Еден од вработените во Оранж, Кристоф Ндиј на Твитер напиша дека телеграмите заминуваат во историјата. Тој за Франс прес наведува дека четириесетина вработени во Оранж, меѓу другото... Читать дальше...



Претседателот Иванов на средба со бугарскиот колега Радев в недела во Дојран

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Ѓорге Иванов в недела (6 мај) во Дојран ќе оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, којшто ќе престојува во работна посета на Република Македонија, информираат од Кабинетот на македонскиот претседател. Радев ја посети Македонија во февруари годинава. Иванов, на покана на бугарскиот претседател, во јуни ќе престојува во возвратна официјална посета на Бугарија, велат од Кабинетот на Претседателот. Бугарскиот претседател Радев на 6 мај ќе присуствува на Комеморативна церемонија во Ново Село.

ЕТА објави „целосно распуштање“

SlobodnaEvropa.mk 

Баскиската сепаратистичка организација ЕТА денеска објави „целосно распуштање на сите структури“. Во писмото испратено до баскиските институции и невладини организации, кое го објави интернет порталот eldiario.es, ЕТА ја признава одговорноста за неуспехот во решавањето на „политичкиот конфликт“ во Баскија. Организацијата „Еускади та Аскатасуна“(ЕТА) што значи „Баскиска татковина и слобода“, уби 853 луѓе за време на својата вооружена кампања за создавање независна баскиска држава во северна Шпанија и во јужна Франција.

Собранието ги донесе законите за судовите и за Судскиот совет

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието денеска ги донесе измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет. Дел од измените на Законот за судовите предвидуваат судија да може да одговара дисциплински, доколку без оправдана причина не ги закажува рочиштата по предметите, ја одолжува постапката или не го зема предметот во работа поради што настапува застареност на кривичното гонење, односно на извршувањето на кривичната санкција за кривичното дело. Законите за судовите и за Судскиот совет се дел реформскиот пакет... Читать дальше...

Најмалку 14 загинати во напад врз изборната комисија во Триполи

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 14 луѓе загинаа во нападот врз канцелариите на Либиската изборна комисија во Триполи, информираат властите. Бомбаш-самоубиец се разнел во зградата на Комисијата, по што други милитанти почнале да пукаат, соопшти либиското Министерство за здравство. Во видео снимката објавена на социјалните мрежи се гледа густ црн чад над зградата. Портпаролот на Изборната комисија, Халид Омар, изјави дека безбедносните сили се обидуваат да ја преземат контролата врз објектот. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава. Читать дальше...

Најмалку 11 загинати во напад врз изборната комисија во Триполи

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 11 луѓе загинаа во нападот врз канцелариите на Либиската изборна комисија во Триполи, информираат властите. Бомбаш-самоубиец се разнел во зградата на Комисијата, по што други милитанти почнале да пукаат, соопшти либиското Министерство за здравство. Во видео снимката објавена на социјалните мрежи се гледа густ црн чад над зградата. Портпаролот на Изборната комисија, Халид Омар, изјави дека безбедносните сили се обидуваат да ја преземат контролата врз објектот. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот... Читать дальше...

Врховен суд ги одби барањата за изземање на судиите во „Титаник“

SlobodnaEvropa.mk 

Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за изземање на судии на Апелацискиот и на Кривичниот суд што беше побарано од одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „Титаник“. Обраната побара да бидат изземени судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев од овој предмет, бидејќи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, изјавила во интервју дека дел од судиите биле прислушувани или ги имало во бомбите. Во случајот „Титаник“, обвинет е поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се обвинети за злосторничко здружување... Читать дальше...

Украинскиот патријарх побара продолжување на санкциите за Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Поглаварот на украинската црква, патријархот Филарет ја повика ЕУ да не го третира конфликтот во источниот дел на земјата како внатрешен проблем на Киев и побара продолжување на санкциите против Русија. Говорејќи во ЕП во Брисел тој истакна дека и покрај руската анексија на Крим во 2014 година и постојаната поддршка на Москва на проруските сепаратисти во источна Украина „агресорот не може да оди до крај и да го освои остатокот од земјата“.

Усвоен новиот Закон за високо образование

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието на денешната 45. седница ги донесе Законот за високото образование. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев рече дека нема да гласаат за Законот за високото образование бидејќи не бил прифатен ниеден од амандманите што ги поднеле. Законот предвидува посебно тело за евалуација на квалитетот на високото образование и посебно тело за акредитација.   На седницата беа донесени и измените и дополнувањата на законите за судовите, за Судскиот совет, за оружјето и за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Беса бара министерско место за влез во Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Движењето Беса предводено од Биљал Касами во преговорите за влез во Владата побарало да предводи едно од министерствата. Пратеникот на Беса, Фадил Зендели денеска изјави дека Касами и во понеделникот имал средба со премиерот Зоран Заев на која му го соопштил барањето. Според Зендели, неделава треба да следува нова средба на која треба да се разговара за ресорите и за евентуалните имиња.

Иран го демантира Мароко дека вооружува сепаратистичка група

SlobodnaEvropa.mk 

Иранското министерство за надворешни работи демантираше дека ја вооружува бунтовничката група која се бори за независност на Западна Сахара откако Мароко ги прекина дипломатските врски со Техеран по обвинувањата. Според министерството, тврдењата се лажни. Мароканскиот министер за надворешни работи Насер Боурита го обвини Иран и нивниот либански шиитски сојузник Хизбалах дека го тренираат и вооружуваат Фронтот Полисарио.

Крајна фаза во судењето за терористичкиот напад во Стокхолм

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето на узбекистанскиот барател на азил Рахмат Акилов кој призна дека го спровел нападот со камион при кој загинаа 5 лица во Стокхолм, минатата година влегува во крајната фаза. Тој призна дека го возел украдениот камион на прометна пешачка улица во центарот на градот убивајќи тројца Швеѓани меѓу кои и 11 годишно девојче, како и маж од Британија и жена од Белгија. Акилов посочи дека со нападот имал за цел да ги убеди шведските власти да стават крај на нивната борба против милитантната група Исламска држава.


Музыкальные новости
Анастасия Ивлеева

Суд рассмотрит 25 апреля протокол на Ивлееву за дискредитацию ВС России





Персональные новости
Выставка

Выставка работ победителей фотоконкурса «Созвездия "Семья"»





Законот за јазици се уште не е испратен во Службен весник

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери се уште не го испратил Законот за јазиците во Службен весник. Дел од експертите велат дека тој може да го потпише указот кога претседателот Иванов не ги извршува надлежностите. Други сметаат дека Уставниот суд постапката ќе ја врати на почеток.

Најмалку 7 милиони луѓе годишно умираат од загадениот воздух

SlobodnaEvropa.mk 

Светската здравствена организација соопшти дека најмалку 7 милиони луѓе годишно умираат поради загаденоста на воздухот, покажуваат последните податоци од 2016 година. Во најновиот извештај на организацијата се наведува дека 9 од 10 луѓе ширум светот се изложени на опасно високо ниво на штетни честички од загадениот воздух кои предизвикуваат рак и кардиоваскуларни заболувања. Нивото на загадување на воздухот, според било највисоко во источниот дел на Средоземното море и во Југоисточна Азија, каде... Читать дальше...

Матис - Прагот на НАТО за Македонија е спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Политичките аналитичари во изјавата на американскиот државен секретар Џејмс Матис гледаат засилена поддршка од САД за Македонија, но и упатување на што побрзо решавање на спорот за името, како непремостлив услов за членство во НАТО.

Безбедносни мерки во Одеса пред комеморацијата за жртвите од 2014

SlobodnaEvropa.mk 

Безбедноста во украинскиот пристанишен град Одеса е зголемена по повод комеморацијата за 48 лица кои беа убиени во 2014 година во судирите меѓу проукраинските и проруските демонстранти. Повеќе од 1000 припадници на безбедносните сили се распоредени каде се случија немирите пред четири години. Полицијата соопшти дека луѓето ќе бидат проверувани на детектори за метал и им е забрането да носат комунистички и наци симболи.

Повторно одложено судењето за „Титаник“

SlobodnaEvropa.mk 

Поради неисполнување на законските предуслови за одржување на рочиштето и денеска се одложи судењето за предметот „Титаник“ на СЈО. Кривичниот суд ја чека одлуката на повисоките судови, по барањето на одбраната за изземање на судиите за овој случај, поради сомнеж дека ги има во бомбите

Меѓународни воени вежби во Естонија

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународни воени вежби во кои се вклучени 13 илјади војници од 16 земји започнаа денеска во Естонија. Вежбите ќе траат до 14 мај и се најголемите во балтичката земја од воспоставувањето на нејзината независност од Советскиот сојуз во 1991 година. Дел од вежбите ќе се одржат и во соседна Летонија. Во вежбите учествуваат војници од САД, Британија, Германија, Франција, Канада, Полска, Украина, Финска, Шведска, Данска, Белгија, Ирска, Летонија, Литванија и Грузија.

Спорт в России и мире
Москва

РОСГВАРДИЯ ОБЕСПЕЧИЛА ПРАВОПОРЯДОК ВО ВРЕМЯ ФУТБОЛЬНОГО МАТЧА «ЦСКА» - «СПАРТАК» В МОСКВЕ


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Самсонова победила Осаку и вышла в третий круг турнира WTA 1000 в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Опыт проведения Всероссийской акции «Вода России» представлен на межведомственном заседании в Ташкенте





Путин в России и мире
Москва

Эксперт: корректировка порогов крупного и особо крупного ущерба по экономическим статьям оправдана и своевременна


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко: на территории Польши и Прибалтики готовят атаки на восток




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Metallica

Случай на концерте Metallica в России



Москва

В Москве появятся еще 24 современные площадки для прогулок с собаками

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net