Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Май
2018

Новости за 30.05.2018

Тетовци почнаа да купуваат дрва за зимоска

SlobodnaEvropa.mk 

Жителите на Тетово почнаа да нарачуваат огревно дрво за наредната грејна сезона зашто сега е поевтино. Велат дека размислуваат за загадувањето, но во моментов немаат друг избор.

Жерновски со „Отаде црнилото“ во Музејот на современа уметност

SlobodnaEvropa.mk 

„Отаде црнилото“ е насловена самостојната изложба на ликовниот уметник Велимир Жерновски, што во периодот од 1 јуни до 1 јули, ќе се одржи во Музејот на современата уметност во Скопје. Проектот споделува загриженост за еколошките промени предизвикани од човечкиот фактор.

Претставници на ЕУ и САД на состанок пред одлуката на Трамп за таксите

SlobodnaEvropa.mk 

Високи претставници на ЕУ денеска се сретнаа со американскиот министер за трговија Вилбур Рос, два дена по одлуката на претседателот Доналд Трамп за евентуално воведување на увозни такси за земјите на Европската Унија. Потенцијалните такси на увоз на европски челик и можното ограничување на бројот на странски возила во САД, го зголемија страхувањето од светска трговска војна и негативно влијаеја на инвеститорите. Претставниците на ЕУ, Франција и Германија денеска се сретнаа во Париз со Рос и со... Читать дальше...



Европратениците ја критикуваат продолжената контрола во Шенген зоната

SlobodnaEvropa.mk 

Европратениците го осудија продолжувањето на внатрешната контрола на границите на земјите во Шенген зоната, сметајќи дека на тој начин се крши слободното движење на луѓето помеѓу 26-те земји во рамките на таа зона. Во денеска изгласаната резолуција, Европскиот парламент на пленарна седница во Стразбур го осуди продолженото повторно воведување контрола на внатрешните граници поради пропусти на заедничкиот европски систем за азил и недостиг на политичка волја, солидарност и поделба на одговорноста. Читать дальше...

Балканските држави и Австрија заедно против новиот бран имигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Земјите од Југоисточна Европа и Австрија водат консултации за блокирање на новиот прилив на имигранти по „балканската рута“, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Австрија Херберт Кикел. Тој по телефонските разговори со неговите колеги од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Србија и Словенија, австрискиот министер посочи дека се договориле за „оперативен и политички план“. Кикел, кој е од редовите на Партијата на слободата, позната по антиимигрантски ставови, не соопшти повеќе детали. Читать дальше...

Борисов: Русија нема ништо против „Турски тек“ да влезе во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Русија нема ништо против да има втора точка за влез на гас од Русија преку „Турски тек“ за Бугарија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ. Тој додаде дека за време на разговорите, рускиот претседател Путин го информирал дека вчера телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека нема ништо против „Турскиот тек“ да влезе на територијата на Бугарија. Борисов прецизира дека допрва ќе се водат преговори за количеството... Читать дальше...

Нови можности за формирање влада на Италија

SlobodnaEvropa.mk 

Мандатарот за состав на новата италијанска влада Карло Котарели, по консултација со претседателот на Италија Серџо Матарела, изјави дека се појавиле нови можности за формирање на владата, врз основа на резултатите од парламентарните избори на 4-ти март. Обидот на популистичките партии, десничарска Лига и Движењето на пет ѕвезди да формираат коалициона влада на чело со професорот по право Џузепе Конти, пропадна бидејќи проевропскиот претседател Матарели одби да прифати антиевропски кандидат за министер за економија Паоло Савон. Читать дальше...

Тахири: Мисијата на ЕУЛЕКС завршува на 14 јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) се очекува да остане уште извесно време во земјата, но без извршни надлежности, јавува МИА. Косовскиот министер за правда, Абелард Тахири за „ИндексОнлине“ потврдил дека ЕУЛЕКС го завршува мандатот по две недели, а се очекува истиот механизам да ја продолжи работата, но сега со советодавна улога. “На 14 јуни завршува мандатот на ЕУЛЕКС. Значи, ќе биде надзорен и советодавен механизам за институциите кои ја спроведуваат правдата,”... Читать дальше...



Турција и САД се договорија за повлекување на Курдите од Манбиџ

SlobodnaEvropa.mk 

Турција и САД постигнаа договор за планот за повлекување на припадниците на курдските Единици за заштита на народот од сирискиот град Манбиџ, во рок од еден месец од потпишувањето на конечната верзија на планот, јави турската новинска агенција Анадолија. Планот содржи три чекори, а ќе биде завршен во текот на посетата на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Вашингтон на 4 јуни. Турската армија и САД ќе почнат заедничка контрола на Манбиџ 45 дена по потпишувањето на договорот. Читать дальше...

Рускиот новинар Бабченко е жив, се било смислена тајна операција

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) изјави дека рускиот новинар и критичар на Кремљ, Аркадиј Бабченко, е жив и дека целиот случај со неговото „убиство“ била специјална операција. "Ние спречивме обид за убиство на Бабченко со спроведување на специјална операција", рече Храјцак на брифингот во седиштето на СБУ во Киев. Бабченко денеска се појави на истиот брифинг на СБУ, што се емитуваше во живо, и рече дека „фиктивните извештаи за неговата смрт биле дел од операција која била подготвена... Читать дальше...

Повторно ќе му се суди на Грујевски за предметот „Тврдина 2“

SlobodnaEvropa.mk 

Судскиот процес против поранешен началник во УБК Горан Грујевски за предметот „Тврдина 2“ ќе биде повторен. Скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата за Грујевски и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство. Грујевски беше осуден на казна затвор од година и пол во отсуство за уништувањето на документацијата поврзана со прислушувањето. Апелација ја потврдила условната казна за службеничката која поднесе жалба на пресудата.

САД ја осудуваат одлуката на Сирија да ја признае независноста на Абхазија и Јужна Осетија

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Држави ја осудија одлуката на Сирија да ги признае отцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија како независни држави. Во соопштение на портпаролката на Стејт департментот Хедер Ноерт се наведува дека Соединетите Држави силно ја осудуваат намерата на сирискиот режим да воспостави дипломатски односи со руски окупираните грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија. "Тие региони се дел од Грузија. Ставот на Соединетите Држави за Абхазија и Јужна Осетија е непроменет“, се вели во соопштението. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: Една година СДСМ е една година стагнација

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценува дека главните обележја на едногодишното владеење на владата предводена од премиерот Зоран Заев се лагите, расипништво и економско пропаѓање. На денешната прес конференција Владо Мисајловски изјави дека животот дошол само за фамилијата на премиерот и за функционерите на СДСМ, додека пак „сите останати граѓани се борат за преживување, а државата е клекната на колена“. „Бесрамно се тргува со највисоките национални и државни интереси за да се покрие неспособноста на владата. Читать дальше...

Претседателот Иванов не прифаќа „ерга омнес“ за името

SlobodnaEvropa.mk 

За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија. “Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес”, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов. Воедно,оттаму информираат дека шефот на... Читать дальше...

Кина им се закани на САД: Подготвени сме за трговска војна

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеските власти денеска им се заканија на САД дека се подготвени за трговска војна, доколку САД продолжат со своите царински политики. Кинеската најава доаѓа откако американскиот секретар за трговија Вилбур Рос изјави дека САД се уште ја држат отворена можноста за воведување царини на кинескиот увоз во САД вреден 50 милијарди долари. „Ги повикуваме САД да го исполнат своето ветување и да се сретнат со нас на половина пат, за да имаме заедничко решение. Инаку, Кина ќе преземе решителни и силни мерки да ги заштити своите интереси“... Читать дальше...

Тројца убиени и 12 ранети во бомбашки напад во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку тројца авганистански полицајци беа убиени откако група бомбаши-самоубијци ја нападнаа полициската станица во источната провинција Логар, информираа официјалните претставници. Портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид, потврди дека тие се одговорни за нападот. Според Калид Сафи, портпарол на провинцискиот гувернер, убиени се командирот на полициската станица, еден офицер и заменик-директорот на сообраќајната полиција за главниот град на провинцијата. Дванаесет други лица, меѓу кои и четворица полицајци и осум цивили... Читать дальше...

Анѓушев: Никој не може да каже дали струјата ќе биде поевтина во иднина

SlobodnaEvropa.mk 

Никој со сигурност не може да каже дали цената на електричната енергија во иднина ќе биде пониска. Тоа е како прашањето да го поставите дали цената на нафтата или на некој метал ќе биде пониска, порача денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање на завршната работилница за Техничката поддршка на Република Македонија институционална поставеност на организираниот „ден однапред“ пазар за електрична енергија, а во врска со цените... Читать дальше...

Сандберг: Фејсбук нема да има монополски главоболки ако влезе во нови пазари

SlobodnaEvropa.mk 

Фејсбук може да се здружи со други големи компании и без да се соочува со антимонополски главоболки, ако избереме да влеземе во нови пазари, изјави главниот оперативен директор на компанијата, Шерил Сандберг на Коуд Конференс. Таа не прецизираше кои компании се можна цел за проширување на пазарот. Фејсбук е една од најголемите компании во светот според пазарниот капитал, а тоа го стекна, меѓу другото, преку купување помали, но атрактивни компании. Во 2014 година го откупија Ватс-Ап за 22 милијарди долари и Окулус за три милијарди. Читать дальше...


Музыкальные новости
Певица

Певица Анастасия Стоцкая появилась на публике в откровенном наряде





Персональные новости
Спартак

«Спартак» набрал больше всех очков в играх с командами из верхней половины таблицы РПЛ





Заев ја потврди временската рамка - референдум за името наесен

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не е договорено конкретно име, но дека двете земји никогаш не биле поблиску до договор. Временската рамка за решавање на спорот објавена во медиумите делумно ја потврди и најави оти важниот разговор со Ципрас треба да се случи до петок.

Нападот во Лиеж се третира како тероризам

SlobodnaEvropa.mk 

Белгиски сојузен обвините изјави дека нападот во Лиеж, во кој имаше три жртви, се смета за "терористичко убиство", а истрагата сега се фокусира на тоа дали напаѓачот дејствувал сам, објави новинската агенција Асошиејтед прес. Обвинителот Венке Роген рекол дека напаѓачот извикувал "Алаху акбар", арапската фраза за Господ е голем, и тоа „неколку пати за време на стрелањето, пред да биде убиен од полицијата“. Роген додаде дека „нападот се третира како тероризам со оглед на начинот на кој дејствувал Херман“, пренесе АП. Читать дальше...

Русија ѝ продаде на Индија ракетни системи за шест милијарди долари

SlobodnaEvropa.mk 

Индија и Русија ги завршија преговорите за испорака на руски системи за воздушна одбрана С-400 во вредност од околу 5,93 милијарди долари. Руски медиуми јавуваат дека моментално се разгледува како да се заобиколат санкциите против државите кои соработуваат со Русија. Се очекува договорот официјално да се објави пред закажаната средба на рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди во октомври. Системот за противвоздушна одбрана С-400 се смета за најнапреден од овој вид во Русија... Читать дальше...

Хоџај: УНМИК повеќе не му е потребен на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај смета дека нема потреба од понатамошно присуство на мисијата на УНМИК во Косово, бидејќи, како што изјави, Косово е стабилно. „Миротворците се потребни во зоните на судири, но постоењето на Унмик на Косово сега е непотребно, затоа што во земјата постои одржлива стабилност. Мисијата на Унмик би требало да заврши и нејзиниот буџет да се распредели на друго место“, објави Хоџај на Твитер. Ова не е прва изјава на Хоџај дека мисијата на УНМИК треба да прекине.

Заев: Уште нема конечен договор за името

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција по повод една година Влада, рече дека се уште ништо не е договорено во врска со „новото име на Македонија“. „Уште ништо не е договорено. Она што го договоривме се принципите за договор. Ќе имаме средба со грчкиот премиер Ципрас деновиве“, одговори премиерот Заев на прашањето дали е договорено името Република Северна Македонија, како што вчера објавија голем број медиуми, повикувајќи се на дипломатски информации. Во врска со тајмингот за спроведување на евентуалниот договор... Читать дальше...

Лавров утре оди во Северна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе престојува во официјална посета на Северна Кореја, каде со својот севернокорејски колега Ри Јонг-хо ќе разговара за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Испланирани се разговорите на двајцата министри и тие ќе се фокусираат на актуелните проблеми и ќе разменат мислења зџа ситуацијата на Корејскиот Полуостров и други главни меѓународни и регионални проблеми“, се наведува во соопштението на руското МНР. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Учитель из Бутово стала «Гуру физкультуры»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Свёнтек разгромила Кырстю и вышла в 1/8 финала турнира WTA-1000 в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Huawei представила IDS на 26-м Всемирном энергетическом конгрессе





Путин в России и мире
Москва

Поведение Путина вызвало резонанс, потерянные в 90–е заводы возвращаются РФ


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Это - война: литовские беспилотники попытались атаковать Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Дух разделения в Святой Руси, или Можно ли лишиться сана за отпевание Навального*



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Джиган

Джиган запретит дочери Ариеле встречаться с определенной категорией парней



Москва

«Надо меньше есть!» Певица Ортман раскрыла секрет поддержания хорошей формы

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net