Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Май
2018

Новости за 22.05.2018

ОФ-ФЕСТ 2018 со силни музички и политички пораки

SlobodnaEvropa.mk 

Со програма чија срцевина ја чинат настапите на африканската кралица Уму Сангаре, авангардните Dirtmusic, хипнотичните Officina Zoe од Италија, повратникот Jupiter & Okwess од Конго, транзичните тунижани Ifriqiyya Electrique, од 31 мај до 5 јуни, на три сцени во Скопје, ќе се одржи 17-то издание на ОФ-ФЕСТ, манифестацијата на „една поинаква музика“ и громогласни пораки за слободата на народите од светот.

Предлогот за реконструкција на Владата испратен во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев попладнево го испрати предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија.  Досегашната министерка за образование Рената Тренеска Дескоска е предложена за нова министерка за правда, а за министер за образование нејзиниот актуелен заменик Арбр Адеми од ДУИ.  За министер за култура е предложен Асаф Адеми од Беса, додека за министер без ресор е предложен Бардул Даути од ДПА. Се очекува, седницата за реконструкција на Владата да се одржи во текот на следната недела.

Украина обвини 35 фудбалски клубови за местење натпревари

SlobodnaEvropa.mk 

Украина обвини 35 фудбалски клубови за вмешаност во операции за местење на натпревари, кои наводно донеле милионски заработки за организаторите. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека преку специјална операција е откриено дека две третини од сите тимови во највисоките дивизии на украинскиот фудбал биле вклучени во местење на крајниот исход на натпревари. „Биле вклучени претседатели на клубови, поранешни и сегашни играчи, судии, тренери и комерцијални организации“, напиша на Фејсбук... Читать дальше...



Тачи: Косово подготвено за последната фаза на дијалог со Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Косово е подготвено да ја продолжи последната фаза на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ и со силна поддршка на САД, изјави денеска косовскиот претседател Хашим Тачи по средба во Будва со директорот за Централна и Јужна Европа во американскиот Стејт департмент Метју Палмер, каде учествува на меѓунардониот форум за безбедност на Југоисточна Европа.   Косовскиот претседател изрази уверување дека Косово „ќе ја има поддршката на САД и во овој процес, како... Читать дальше...

САД воведоа санкции за петмина Иранци

SlobodnaEvropa.mk 

САД објавија санкции за петмина Иранци, за кои се вели дека на јеменската бунтовничка група Хути им обезбедиле експертиза и оружје кое се користело за лансирање ракети во Саудиска Арабија. Министерството за финансии на САД соопшти дека Мехди Азарпишех, Мохамад Џафари, Махмуд Каземабад, Џавад Шир Амин и Сајед Мохамад Техрани се лицата кои се санкционирани. Во соопштението се вели дека првите четворица работеле со групата Хути преку Иранската револуционерна гарда (ИРГ), обезбедувајќи и на бунтовничката... Читать дальше...

Меркел телефонски разговараше со Заев и со Ципрас

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, која дала поддршка за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот со Грција околу името, потврдуваат од Владата, пренесува МИА. Меркел денеска телефонски разговарала и со грчкиот премиер Ципрас, потврдуваат од кабинетот на Меркел не изнесувајќи повеќе детали.  Меркел имаше одвоени средби со Заев и со грчкиот премиер Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа минатата седмица во Софија.

Најмалку 32 загинати и десетици повредени во напади во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 32 лица се загинати во експлозија во јужен Авганистан, како и во напади низ истокот на земјата, откако започна пролетната офанизива на Талибанците во целата земја. Во јужниот град Кандахар, официјални лица изјавија дека 16 луѓе се убиени и повеќе од 30 повредени од експлозии на два контејнери, дедека безбедносните сили се обидувале да ги деактивираат. Службата за разузнавање на Националната дирекција за безбедност соопшти дека експлозивите биле откриени во голем двор на работилници. Првично... Читать дальше...

Додик повика на државно единство меѓу Србија и Република Српска

SlobodnaEvropa.mk 

Една од целите што треба да ги остварат Србите е создавање на државно единство меѓу Република Српска и Србија и за тоа не смееме да се колебаме, изјави денеска претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик. Тој додаде дека тоа можеби нема да се случи во текот на мојот живот, но оти верува дека тоа ќе се случи во некој подоцнежен период.  „Колку тоа некому да не му се допаѓа или да навредува, тоа е српска национална идеја, не на оваа или следната година, туку на овој век. На многумина од ова им се крева косата на главата... Читать дальше...



Авиокомпанијата која ги однела ѓуленистите од Приштина во Турција се соочува со казна

SlobodnaEvropa.mk 

Авиокомпанијата со која патуваа шестмината турски државјани, кои беа екстрадирани од Косово во Турција под обвинение дека се припадници на движењето на исламскиот проповедни Фетула Ѓулен, излажала за целта на летот, со тоа што побарала дозвола за комерцијален лет, за што може да добие висока парична казна, објави МИА. Ова денеска пред Комисијата за надзор врз јавните финансии на Собранието на Косово го изјавил директорот на косовската Управа за цивилно воздухопловство (ААЦ), Дритон Ѓонбалај, претставувајќи... Читать дальше...

Анѓушев: Ќе се обидеме со заем за Југохром да се обезбедат филтри за печките

SlobodnaEvropa.mk 

Владата преку инструменти на Македонската банка за поддршка на развојот, во рамки на своите надлежности, ќе направи напори, да се обезбедат средства, во форма на заем за „Југохром“, со кој ќе се продолжи проектот за изградба на системот за отпрашување, комбинатот ќе се рестартира и работниците ќе започнат да работат и да земаат плата, изјавил вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешната средба со претставници на менаџментот и синдикалната организација на Југохром Алшар и претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство. Читать дальше...

Инспекторите кои ги обезбедија „бомбите на СДСМ“ номинирани за награда на ЕП

SlobodnaEvropa.mk 

Укажувачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, кои ги обезбедија т.н. „бомби на СДСМ“, се влезени во петте номинирани за добивање на наградата за заштита на укажувањето и правото на информирање што годинава првпат ја доделува Европскиот Парламент во чест на новинарката Дефне Каруана Галиција што беше убиена во експлозија во Малта. Лазаревски и Костовски се номинирани од „Транспаренси Македонија“, а за нив се поднесени и независни номинации од новинарите Синиша Станковиќ и Жанета Скерлев. Според предлагачот „Транспаренси Македонија“... Читать дальше...

Девет години затвор за поранешниот помошник-министер Поповски за случајот „Триста“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски е виновен за злоупотреба на службена положба и овластување и доби казна затвор од девет години, пресуди денес Кривичниот суд по случајот „Триста“ на СЈО. Судијката Добрила Кацарска рече дека на Поповски му се судело за злоупотреба на службената положба и овластување и, како што рече, „неспорно е дека  Поповски ја донел и потпишал одлуката за јавна набавка на 300 возила. Набавката на возилата била поделена во три лота, и наместо најповолниот економски понудувач... Читать дальше...

Богов ја предаде функцијата на Бежоска: Седум години имавме стабилен банкарски систем

SlobodnaEvropa.mk 

Имавме стабилен курс на денарот и стабилен банкарски систем, што бележеше раст и развој, и ниска каматна стапка, што достигна историски најниско ниво, го оцени денеска Димитар Богов својот 7-годишен мандат како гувернер на Народната банка на Република Македонија, на предавањето на функцијата на неговата наследничка Анита Ангеловска - Бежоска. „Во периодот 2011-2017 година просечната стапка на инфлација во Македонија изнесуваше 1,5 проценти, а во еврозоната 1,2 проценти. Девизниот курс на денарот... Читать дальше...

Заев и Мицкоски утре на лидерски ТВ дуел, прв по повеќе од 20 години

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, утревечер во 20 часот на Македонската телевизија ќе излезат на дуел, прв меѓу лидерите на власта и опозицијата во Македонија по повеќе од две децении. ТВ дуелот во минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, Заев прифати, а за организатор беа пријавени три телевизии. Заев и Мицкоски во ТВ дуелот, под работен наслов „Една година власт, една година опозиција“, ќе се соочат за повеќе актуелни теми - од преговорите за името... Читать дальше...

Стабилизирање на јавниот долг или должничко ропство?

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека после повеќе од 10 години, јавниот долг конечно е ставен под контрола. Опозицијата, пак, обвинува дека тоа не е точно и оти власта ја тера државата во должничко ропство.

Руската Дума го усвои Законот за контрасанкции против САД и другите непријателски земји

SlobodnaEvropa.mk 

Руската Државна дума го усвои Законот за контрасанкции против САД и други земји, кои се оквалификувани како непријателски. Со Законот, Руската Владата, по одлука на претседателот, добива право да воведе различни контрамерки, кои во исто време не треба да важат за стоки од витално значење, кои не се произведуваат во Русија и други земји. Одлуката за воведување на мерките може да биде оодбрена од претседателот, по предлог на Советот за безбедност на Русија. Во случај на престанок на околностите... Читать дальше...

Стејси Канингем, прва жена на чело на Њујоршката берза

SlobodnaEvropa.mk 

Стејси Канингем е првата жена која застанува на чело на Њујоршката берза. Таа ќе го замени Томас Фарли кој заминува да биде директор на инвестициската компанија Фар Поинт. Канингам до сега беше оперативна директорка на најголемата берза во светот, Њујоршката.

Ердоган ќе ги преиспитува турските економски односи со Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе ги ревидира економските односи со Израел по претстојните избори на 24 јуни, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, откако Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) одлучи да воведе ембарго за израелските производи. „Се надевам дека земјите од ОИЦ ќе ја спроведат одлуката за ембарго во пракса. Ние, се разбира, исто така, ќе ја процениме ситуацијата. Турција ќе ги преиспита своите односи со нив (Израел), особено економските и трговските“, рече Ердоган, прецизирајќи дека чекорите... Читать дальше...


Музыкальные новости
София Ротару

Данил Барановский и внучка Софии Ротару





Персональные новости
#123ru.net

ENERGON поделился успешным кейсом внедрения системы управления предприятием 1C:ERP





Укината затворската казна за поткуп на екс-градоначалникот на Кавадарци Панов

SlobodnaEvropa.mk 

Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата со која поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов беше осуден за поткуп при избори и гласање. Предметот е вратен на повторно разгледување во Основен суд Кавадарци, објави МИА, врз основа на потврдата од Лилјана Ситниковска, судија и портпарол на судот. Со пресуда на Основен суд Кавадарци во август лани, Александар Панов беше осуден на два месеца затвор за кривично дело поткуп при избори и гласање. За ова дело предвидена е парична казна или казна затвор до една година... Читать дальше...

Со силна меѓународна поддршка до решение на спорот со Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Неизвесен крај на последната епизода од преговорите. Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека се уште има шанса да се најде компромисно решение за името. Оптимизмот го темели на според него, засилената меѓународна поддршка за решение на долгогодишниот спор.

Владата ќе расправа за нови субвенции во авиосообраќајот

SlobodnaEvropa.mk 

Владата денеска на седница ќе расправа за, како што соопшти, потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2018-2021 година. На предлог на Министерството за транспорт и врски, треба да се разгледа и уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиската поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација... Читать дальше...

Белата куќа направи монета за средбата Трамп - Ким

SlobodnaEvropa.mk 

Белата куќа изработи специјална монета за претстојната историска средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун. Монетата е украсена со профилите на Трамп и Ким, кои се означени како „врховни лидери“, а на задната страна се знамињата на двете земји. На врвот на медалот се наоѓа натпис „мировни преговори, а на дното годината 2018 “. Трамп и Ким треба да се сретнат на 12 јуни во Сингапур, иако Пјонгјанг неодамна се закани со можност за откажување на средбата. Читать дальше...

Могерини: не постои алтернатива на спогодбата со Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека не постои алтернативно решение за нуклераната спогодба со Иран. Таа ова го кажа по говорот на американскиот државен секретар Мајк Помпео кој изнесе драконски услови за постигнување нова спогодба со Иран. „Говорот на секретарот Помпео не откри ништо за тоа како повлекувањето од нуклеарната спогодба придонесе или како ќе придонее за безбедност на регионот од ширењето на нуклеарното оружје или како не става во подобра позиција да влијаеме врз Иран“... Читать дальше...

Во Украина се интензивираат судирите

SlobodnaEvropa.mk 

Судирите меѓу украинските сили и проруските бунтовници во источна Украина се засилуваат и имаат најголем интензитет од почетокот на годинава. Украински официјални претставници соопштија дека вчера биле убиени двајца војници, додека четворица биле ранети во борбите кај село Јужное. Бунтовниците во Доњецката област ја обвинија Украина за бомбардирање врз цивилни станбени делови, при што загинале четири лица.

Спорт в России и мире
Москва

В Москве завершился Кубок России по спортивному программированию


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Как Рыбакиной стать второй ракеткой мира: расклад от WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Huawei представила IDS на 26-м Всемирном энергетическом конгрессе





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время пути поездов от Москвы до Черноморья до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Дух разделения в Святой Руси, или Можно ли лишиться сана за отпевание Навального*



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Сергей Трофимов

Сергей Трофимов выступит с летним концертом в Зеленом Театре ВДНХ



Москва

Аттестующие иностранцев вузы РФ расторгли договоры с частными организациями

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net