123ru.net
World News in Macedonian
Май
2018

Новости за 04.05.2018

Трамп - Договорено е времето и местото за средбата со Ким Џонг Ун

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е договорено времето и местото за неговиот значаен состанок со водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, но не откри детали, туку само кажа дека ќе бидат објавени наскоро. Тој ова го изјави денеска пред Белата куќа пред патувањето во Далас. Трамп претходно навести дека двајцата лидери би можеле да се сретнат во Демилитаризираната зона меѓу двете Кореи. Подготовките за средбата се забрзаа по состанокот меѓу лидерите на Северна и на Јужна Кореја, Ким Џонг Ун и Мун Јае Ин... Читать дальше...

Композиторите Темков и Иванов со авторски концерт во Музеј на град Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Во Музеј на град Скопје, оваа сабота, на 5 мај во 20 часот, ќе се одржи авторски концерт на Дамјан Темков и Филип Иванов, композитори од помладата генерација на македонски музички творци. На перформансот тие ќе понудат композиции од своето актуелно творештво, а во изведбата на делата учество ќе земат нашите врвни репродуктивни уметници Марија Вршкова, Гонца Богоромова - Краповски, Анастасија Грговска, Владимир Костов, Мартин Димитров, Бојан Талески и Паскал Краповски.

„Шарли ебдо“ се врати на Твитер

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ се врати на Твитер, првпат по нападот во редакцијата во јануари 2015 година. Првата порака им беше - „Се враќаме на мрежата со ваш аплауз и со охрабрување да не пцуете“. Од неделникот додаваат и дека заради техничкиот инцидент кој се случи независно од волјата на редакцијата во јануари 2015, биле приморани да ги прекинат пораките на Твитер. Последниот твит неделникот го објави на 7 јануари, на денот на нападот во редакцијата. Браќата Шериф и Саид Куаши... Читать дальше...



Војната во Украина го девалвираше образованието

SlobodnaEvropa.mk 

Војната меѓу владините сили и сепаратистите во источна Украина го девалвираше образовниот систем во регионот, принудувајќи над 200 илјади деца да учат во воени услови, соопшти денеска Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ). „Децата учат во училиштата со дупки од куршуми во ѕидовите, со вреќи песок на прозорците, во подрумите има засолништа од бомби, а во училишните дворови - шрапнели“, вели претставничката на УНИЦЕФ за Украина, Џована Барберис. Таа вели дека „сите страни во конфликтот мора... Читать дальше...

Бизнисот на Заеви со канабис и спорот за гувернер

SlobodnaEvropa.mk 

Неделникот Фокус пишува за бизнисот со одгледување марихуана на семејството Заеви. Капитал анализира дека изборот на гувернер на НБРМ ги скара претседателот со владејачкото мнозинство.

МВР - Специјалците се хранат добро

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги отфрла како неточни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека припадниците на Единицата за брзо распоредување се хранат со несоодветна храна. Од МВР преку соопштение велат дека денеска припадниците на единицата се хранат подобро во споредба од пред две години и дека храната е квалитетна и според сите стандарди. Реакцијата на МВР уследи откако од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвинија дека специјалците јадат неквалитетна храна, односно за доручек, како што велат од партијата... Читать дальше...

Притвор за уште двајца за случајот со девојчето од Домот за деца „25 мај“

SlobodnaEvropa.mk 

Уште две лица добија притвор за случајот со штитеничката од Домот за деца „25 Мај“. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за уште двајца македонски државјани инволвирани во предметот. По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Тие се товарат дека сториле кривично дело - Трговија со дете... Читать дальше...

Косовскиот претседател Тачи ја потпиша демаркацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, го потпишал законот за ратификација на договорот за државната граница меѓу Косово и Црна Гора. Претходно косовскиот Уставен суд процени дека процесот на ратификација на Договорот во Собранието не е во спротивност на Уставот на Косово, како што тврдеше опозициското движење Самоопределување. Собранието го ратификуваше договорот за демаркација на границата во март, три години откако беше постигнат договорот. Ова е еден од последните услови кои Европската унија ги бара од Косово за да им ги укине визите. Читать дальше...



Џафери - Иднината на Македонија е во европското семејство

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери на одбележувањето на Денот на Европа-9 Mај,  изјави дека Македонија уште од самиот почеток на своето осамостојување, јасно и недвосмислено го зацртала својот пат и ги определи своите стратешки приоритети. „Еден од нив е полноправното членство во Европската унија и за тоа имаме несомнена поддршка од сите граѓани“, изјави Џафери на настанот во организација на Институтот за меѓународни и политички студии и Општина Чаир. Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба... Читать дальше...

САД загрижени што Турција набавува ракетен систем од Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт департмент изрази загриженост поради плановите на Турција за набавка на рускиот ракетен систем земја-воздух С-400. Според договорите во НАТО, Турција треба да набавува оружје и воена опрема кои се компатибилни со останатите партнери на НАТО. Со оваа набавка тоа не е случај, изјави портпаролката на Стејт департметот, Хедер Нојерт. Нојерт ја истакна и американската подршка за подобрување на состојбата со слободата на медиумите во Турција, земја која има затворено најголем број новинари. Читать дальше...

Снимки од нападот на Села се пуштаат во Судот

SlobodnaEvropa.mk 

Снимка на која се гледа како пратеникот Зијадин Села со крваво лице го влечат низ собраниските ходници на 27 април минатата година, денеска беше пуштена во судницата во Кривичниот суд. Пуштената снимка е од безбедносната камера во Собранието. Претходно, на денешното рочиште беа пуштени и три други снимки направени од мобилен телефон од присутните во Собранието. На првата снимка се гледаа насилните дејствија на дел од обвинетите кон пратениците, меѓу кои и кон оштетениот Села, кој стои во задниот... Читать дальше...

Уште две тешки прашања до решение за името

SlobodnaEvropa.mk 

По два дена состаноци министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција ќе се сретнат и идната недела. Уставните измени и опсегот на употребата се двете главни прашања што се останати во спорот за името, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димтров.

Русија го поздрави тврдењето дека во Чешка се произведувал новичок

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ ја поздрави изјавата на чешкиот претседател Милош Земан дека мала количина од нервниот гас новичок била произведена во неговата земја. Според Кремљ, со тоа се поткопуваат тврдењата на Британија дека за нападот на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка стои Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека тврдењата на Земан се „елоквентна илустрација на неодржливата позиција" изнесена од Британија. Земан изјави дека знаат каде и кога бил произведен новичок и лицемерно... Читать дальше...

Димитров: Главната разлика е опсегот на употребата на името

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас во Солун, изјави дека главната  разлика во спорот за името е промената на Уставот и опфатот на употреба. „Разлики уште има. Ова што вчера и денес го направивме, испитувавме комбинации што едната и другата страна би можеле да ги прифатат. Тоа е нашата задача. Треба за овие елементи да разговараме дома и поплодно да ја искористиме наредната средба. Зборот ќорсокак не би го употребувал. Влогот е многу голем“... Читать дальше...

Уапсени поддржувачи на Навални пред утрешните протести

SlobodnaEvropa.mk 

Поддржувачи на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални од неколку градови биле уапсени еден ден пред планираниот протест против претседателот Владимир Путин. Уапсените се обвинети за прекршување на правилата за одржување на јавни собири. Путин се избори за уште еден 7 годишен мандат на изборите на 18 март, а ќе положи заклетва на функцијата на 7 мај.

НАСА ќе лансира летало на Марс за проучување на планетата

SlobodnaEvropa.mk 

НАСА се подготвува за лансирање на роботизирано вселенско летало на мисија за проучување на длабоката внатрешност на Марс и откривање на сеизмичката активност под нејзината површина. Леталото Марс Инсајт се очекува да биде лансирано од воздухопловна база Ванденберг во Калифорнија. Ова е прво летало на Марс која ќе биде лансирано од страна на американската вселенска агенција од 2012 година. Научниците веруваат дека Земјата и Марс биле формирани од слични процеси пред 4,5 милијарди години. Тие се... Читать дальше...

Српската Влада забрани собир во Хртковци по најавата на Шешељ

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека во селото Хртковци в недела нема да има никакви собири. Неговата изјава доаѓа откако лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ најави дека ќе има собир во селото за одбележување на годишнината од неговиот говор во 1992 година. По говорот на Шешељ почна присилното иселување на Хрвати од Војводина, поради што Хашкиот суд го осуди за воени злосторства. „Државата забрани митинг во Хртковци. Србија не сака во минатото туку во иднината. Читать дальше...

Димитров: Ја делиме судбината со ЕУ, но се уште не сме на масата

SlobodnaEvropa.mk 

Ја делиме истата судбина со ЕУ, но се уште не сме на масата, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на третиот министерски состанок на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија во Солун. Тој и се заблагодари на Бугарија, која како земја претседавач со Унијата успеала регионот да го стави назад на политичката агенда на ЕУ, а 2018 да ја направат година на можности. Димитров изрази уверување дека регионот не може да стане едно вистински среќно место доколку земјите не се движат во заедничка насока. Читать дальше...

Еруптирал вулкан во Хаваи, евакуирани жители

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 1500 луѓе биле евакуирани од нивните домови поради вулканска ерупција на Хаваи. Според извештаите, лавата од вулканот на планината Килауеа стигнала до патот во близина на градот Пахоа. Нема извештаи за повредени лица. Гувернерот на Хаваи ја активирал националната гарда да помогне во евакуирањето на жителите и да заштити околу 770 домови и објекти кои останале празни. Вулканот се активирал по земјотресите во регионот кои траеле неколку дена.


Музыкальные новости
Шарлот

Суд продлил арест певца Шарлота до 29 мая





Персональные новости
Петербург

Питерским генералам сидеть в столице // Экс-начальника ГУ МВД по Санкт-Петербургу и его подчиненных хотят судить за взятки в Москве





Орбан најави построга имиграциона политика и христијанска демократија

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по победата на изборите порача дека новата Влада наскоро ќе донесе нови построги имиграциони правила. Тој порача дека ќе заземе и поцврст став против ЕУ околу нејзиниот нареден буџет. Орбан беше реизбран во април, а неговата партија има двотретинско мнозинство во Парламентот. Според него, главните политики нема да бидат променети. „Ние градиме христијанска демократија. Старомодната христијанска демократија е вкоренета во европските традиции, каде што човечкото достоинство е најважно и постои поделба на власта"... Читать дальше...

Кохабитацијата затајува

SlobodnaEvropa.mk 

Кохабитацијата е нарушена, сметаат експертите, според кои, многу е важно да постои соработка меѓу владата и претседателот посебно за клучните прашање како што е спорот мегу Македонија и Грција.

Со медиумска писменост против лажните вести

SlobodnaEvropa.mk 

Многу е тешко граѓаните да ја препознаат лажната вест, од онаа која ја носи вистината, велат медиумските експерти. Тие сугерираат целосно вклучување на државата, медиумите и невладиниот сектор во борбата против феноменот кој ја искривува реалната слика за светот во кој живееме.

Србија ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија

SlobodnaEvropa.mk 

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека нејзината земја ќе учествува на Самитот ЕУ - Западен Балкан на 17 мај во Софија. Таа порача дека српските власти ќе ја искористат секоја шанса која им е пружена за да разговараат и да ги претстават нивните решенија. Брнабиќ оцени и дека европските интеграции во регионот зависат повеќе од политичките отколку од структурните реформи.

Нобеловата награда за литература нема да се доделува оваа година

SlobodnaEvropa.mk 

Шведската академија соопшти дека Нобеловата награда за литература нема да се доделува оваа година поради неодамнешните контроверзии. Според академијата, овогодинешната награда ќе биде доделена во наредната година. Академијата на својот неделен состанок во Стокхолм донесе заклучок оти не е подготвена да избере победник поради скандалот со обвинувањата за сексуално малтретирање што предизвика неколку членови на одборот да ја напуштат институцијата. Одлуката, како што наведе академијата, е донесена... Читать дальше...

Путин: Русија е подготвена за Светското фудбалско првенство

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека земјата практично ги завршила подготовките за Светското фудбалско првенство кое во идниот месец ќе се одржи во 11 руски градови. Тој ова го изјави по средбата со претседателот на ФИФА Џани Инфантино во Сочи. Првото светско првенство што ќе се одржи во некоја земја од Источна Европа ќе биде најскапото досега и доаѓа во атмосфера на тензии меѓу Русија и Западот околу наводните хемиски напади во Сирија, труењето на екс рускиот шпион во Британија и новата рунда американски санкции.

Спорт в России и мире
Москва

Сотрудник ОМОН «Крепость» стал бронзовым призером на соревнованиях Центрального округа Росгвардии по боксу


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Новак Джокович

Новак Джокович в пятый раз получил спортивный «Оскар» как атлет года


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

В Кабардино-Балкарии стартует крупнейшая экологическая акция «Вода России»





Путин в России и мире
Москва

Тема дня: Путин назвал сохранение духовных ценностей условием укрепления суверенитета


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко убежден, что белорусы «никогда еще так хорошо не жили»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Священнику, отпевавшего Навального, запретили носить рясу и крест



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Валерий Гергиев

Валерий Гергиев — о судьбе театров после объединения Мариинки и Большого



Москва

Инвестиционный интерес к горнопромышленному комплексу Карелии растет

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net