123ru.net
World News in Macedonian
Май
2018

Новости за 11.05.2018

Димитров: Процесот за името во најделикатна фаза

SlobodnaEvropa.mk 

Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза во процесот за решавање на спорот за името, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано со крај, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во однос на средбата со неговиот грчки колега Коѕијас и медијаторот Нимиц, закажана за утре во Сунио.  „Значи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено сѐ и факт е дека утрешниот ден е многу важен, неколку дена е пред самитот во Софија и наша должност... Читать дальше...

ЕУ ја предупреди Црна Гора за нападот врз новинарката Лакиќ

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ ја предупреди Црна Гора дека нејзините напрори да се приклучи во блокот ќе претрпат неуспех, освен ако не направи повеќе да ги заштити новинарите и медиумските слободи. Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан денеска ја даде изјавата, по средбата со новинарката на дневниот весник „Вијести“ Оливера Лакиќ, која известува за криминал и корупција. Лакиќ на 9 мај беше застрелана и повредена пред нејзиниот дом во главниот град Подгорица. Пукањето беше „јасно дека е напад врз медиумските слободи... Читать дальше...

Утре средба Димитров, Коѕијас и Нимиц во Сунио, Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во 10 и 30 часот ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас и медијаторот на ОН Метју Нимиц во местото Сунио во близина на Атина, потврдуваат од македонското Министерство за надворешни работи. Министрите за надворешни работи на балканските земји членки на ЕУ, на државите кандидати за членство, како и на земјите од Вишеградската четворка, учествуваат на конференцијата за иднината на Европа, што претпладнево започна во Сунио, во близина на Атина.



Вишеградската група и членките на ЕУ од Балканот согласни за проширувањето

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската четворка и четирите балкански држави членки на ЕУ (В4+Б4+), денеска на средба во Сунион, Атина изразија поддршка на проширувањето на Унијата. Втората средба на министрите од Унгарија, Полска, Чешка, Словачка В4 и групата Б4 Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, се одржа шест дена пред Самтоти ЕУ-Западен Балкан, предвиден за 17 мај во Софија. „Ние што сме тука, сме пријатели на проширувањето, изјави хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Јилдирим: Турција подготвена за „нова страница“ во односите со Ерменија

SlobodnaEvropa.mk 

Ако Ерменија го напушти својот непријателски став, ако сака да отвори нова страница, ќе ги разгледаме деталите и согласно на тоа ќе одговориме, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим за  односите со Ерменија. Ваквиот став на Јилдирим претставува одговор на повикот на новиот ерменски премиер Никол Пашињан за воспоставување дипломатски односи меѓу двете соседни земји. Анкара и Ереван во 2009 година потпишаа Договор за воспоставување на дипломатски односи и отворање на заедничка граница... Читать дальше...

Меркел: Повлекувањето на САД од нуклеарниот договор го поткопува глобалниот поредок

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека одлуката на САД да се повлече од нуклеарниот договор со Иран ја поткопува довербата во глобалниот поредок. Таа рече дека договорот за намалување на нуклеарната програма на Иран во замена за укинување на санкциите е далеку од совршен, но истакна оти не треба да биде „еднострано прекинат“, бидејќи бил одобрен од Советот за безбедност на ОН. „До кој степен можеме да го одржиме овој договор, е нешто што треба да разговараме со Иран“, рече Меркел. Читать дальше...

Тачи: Приштина подготвена да ги затвори конфликтите со Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи во телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакнал дека Приштина е подготвена да го затвори поглавјето на конфликти со Србија. Тачи на Фејсбук напиша дека во тој контекст за Косово и за Србија и натаму е важно да постигнат правно обврзувачки договор за нормализација на односите и за помирување. Разговорот на двајцата лидери е во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на 17 мај во Софија. Читать дальше...

„Странци“ на Витошевиќ премиерно во Драмски театар

SlobodnaEvropa.mk 

Работена според сценариото на истоимениот италијански филм, оваа сабота, на 12 мај во 20 часот, во Драмски театар – Скопје, премиерно ќе биде прикажана претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ. Во оваа современа драма која во основа се бави со потрагата по тоа „колку лагата станува поважна од вистината“ играат Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.



ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на братот на Заев добила концесија за минерални суровини

SlobodnaEvropa.mk 

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека фирмата „Тотал Инжинеринг“ во сопственост Вице Заев на братот на премиерот Зоран Заев на 24 април добила концесија за експлоатација на минерални суровини на локација во село Дукатино, општина Василево. Според опозициската партија, за да не биде до толку очигледно во јавноста, одлуката со која избира фирмата, како што наведуваат, во име на Владата ја потпишува Оливер Спасовски како потпретседател. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека одлуката на Владата е објавена во Службен весник. Читать дальше...

Заев: Мудро решение за името зад кое ќе застанат сите политички лидери

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека е добро што се направиле исчекори во спорот за името, кои се огромни. Тој за време на посетата на Охрид изрази надеж дека за она што е останато за крај, а е многу сериозно и важно, ќе се изнајде решение кое ќе го почитува достоинството на двете земји и идентитетот на граѓаните. Тој порача дека Владата останува максимално посветена на процесот, но очекува поддршка и од опозицијата.  „Јас сакам македонската опозиција и власта заедно да настапат по ова чувствително прашање. Читать дальше...

Судот во Москва го одложи сослушувањето против Навални

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Москва го започна процесот против опозицискиот лидер Алексеј Навални за антивладините протести, но рочиштето веднаш беше презакажано за 15 мај. Навални беше уапсен на протестите на 5 мај против инаугурацијата на претседателот Владимир Путин и започнувањето на неговиот нов шест годишен мандат два дена подоцна. Навални е обвинет за прекршување на правилата за јавен собир и за одбивање да се консултира со полицијата. Доколку биде осуден тој се соочува со казна затвор до 45 дена. Навални по... Читать дальше...

Американски генерал ги повика талибанците на преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на американската Централна команда, генералот Џозеф Вотел изјави дека талибанците во Авганистан не можат да победат по воен пат и покрај серијата нивни напади во изминатиот период. Тој за време на посетата на Таџикистан истакна и дека меѓународната коалиција предводена од САД е фокусирана на обезбедување воен притисок заедно со социјалниот и дипломатски притисок, преку кој талибанците ќе бидат принудени да седнат на маса. Вотел исто така ги повика талибанците да ја искористат предноста... Читать дальше...

Тешко до брзо решение - дали името ќе се решава фазно?

SlobodnaEvropa.mk 

Во пресрет на самиот на ЕУ за Западен Балкан на 17 мај експертите велат дека тешко е да се очекува брзо решение на спорот меѓу Македонија и Грција. Експертите сепак, сметаат дека е можно фазно решение на спорот за името.

Шаќири се откажа од функцијата советник на Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Џезаир Шаќири, алијас „командант Хоџа“ денеска изјави дека ја напушта функцијата, надворешен соработник на премиерот Зоран Заев за борба против радикализмот. Причината за неговата одлука, како што наведува во изјава за МИА,е фактот што медиумите во Македонија кренале преголема врева. „Единствениот политичар во Македонија што ми укажал некаква шанса е премиерот Зоран Заев и тој единствено ја има мојата почит. Не сакам заради ова Македонија да трпи на својот пат за ЕУ и НАТО. Ако мислеа дека ми е до тие пари, се лажат. Читать дальше...

Харадинај очекува до крајот на 2018 визна либерализација за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај очекува дека до јуни неговата земја ќе добие препорака за визната либерализација, а на крајот од годината граѓаните да можат слободно да патуваат низ земјите од ЕУ. Тој ја коментираше и изјавата на заменик претседателот на Парламентот на Европа, Рајнер Виланд, кој побара од косовските државници да не избрзуваат со датумот за визи.

Путин и Меркел разговарале за иранскиот нуклеарен договор

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за иранскиот нуклеарен договор по повлекување на САД од него. Меркел посочила дека треба да се разговара со иранските власти за тоа дали може да се сочува договорот без во него да бидат вклучени САД. Според неа, одлуката на САД не го доведува во прашање трансатлантското партнерство.

Два месеца по гласањето, законот за јазици во фиока

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери не открива кога ќе го прати Законот за употреба на јазиците во Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов. Дел аналитичари препознаваат калкулации и евентуални пресметки за тоа како тој би влијаел при предвремени парламентарни избори.

Узбекистанската Влада со декрет против принудната работа

SlobodnaEvropa.mk 

Узбекистанската Влада издаде декрет кој има за цел да стави крај на праксата на принудна работа во земјата. Узбекистан кој е еден од најголемите извозници на памук, со години мобилизираше студенти како и вработени во училиштата и болниците да берат памук. Земјата престана да ангажира малолетници во 2015 година под притисок на меѓународната заедница. Според декретот, на државните службеници, како и студентите не смее да им се издава наредба за работа, односно берење на памук или чистење на улиците, што досега беше пракса во земјата. Читать дальше...

Димитров на конференција за иднината на Европа во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на балканските земји членки на ЕУ, на државите кандидати за членство, како и на земјите од Вишеградската четворка, учествуваат на конференцијата за иднината на Европа, што претпладнево започна во Сунио, во близина на Атина. На конференцијата присуствува и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На маргините на конференција, се очекува Димитров да одржи повеќе билатерални средби.


Музыкальные новости
Артур Пирожков

Певец Александр Ревва попросил не трогать его семью после слухов об эмиграции





Персональные новости
Елена Волкова

Перенос дат II этапа культурного проекта «Классика: история и современность» в Дмитрове





Иран во одбрана на Сирија по израелските напади

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти ги осудија израелските ракетни напади врз ирански цели во Сирија. Во првата официјална реакција за инцидентот според властите, Сирија има право да се брани себе си од агресијата на Израел. Израелските власти соопштија дека ги нападнале речиси целата иранска инфраструктура во Сирија откако иранските сили за прв пат истрелаа ракети кон израелска територија. Конфронтацијата меѓу двете земји започна по два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука САД да се повлечат... Читать дальше...

Нефункционалноста на коалицијата „За подобра Македонија“?

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ останува отворена за соработка со сите коалициони партнери кои ги делат истите определби и заложби со партијата. Пратеникот Антонио Милошоски смета дека коалицијата „За подобра Македонија“ е нефункционална, бидејќи дел од партиите не дејствувале во согласност со принципите на коалицијата

САД: мора да продолжи инспекцијата на иранските нуклеарни постројки

SlobodnaEvropa.mk 

Белата куќа сака да биде продолжена инспекцијата на иранските нуклеарни постројки и покрај повлекувањето на САД од меѓународната спогодба со Иран. Според Вашингтон, тоа е предвидено со дополнителниот протокол на меѓународнуиот договор за неширење на нуклеарното оружје. Шестте големи сили, САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија во 2015 година постигнаа спогодба со Иран кој се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите. Претседателот на САД Доналд Трамп... Читать дальше...

Дописничка на РСЕ од Туркменистан приведена и брутализирана

SlobodnaEvropa.mk 

Дописничката на Радио Слободна Европа од Туркменистан Солтан Ахилова повторно била приведена од безбедносните сили на таа земја. Инцидентот се случил на 9 мај кога 68- годишната Ахилова ја сликала церемонијата на положување венец на Вечниот пламен во близина на Меморијалниот центар на жртвите од Втората светска војна. Таа притоа била запрена од неколку лица по што била приведена и било барано од неа да ги избрише снимките. Откако одбила, насилно и бил земен фотоапаратот и избришани сликите. По два часа во притвор таа била ослободена.

Трамп за Ким: од „рокетмен“ до чесен човек

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за историски самит на 12 јуни во Сингапур, каде што ќе се обиде да го убеди да се откаже од нуклеарното оружје.

Нетанјаху: јасна порака до Асад да не го напаѓа Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот врз положбите на иранските сили во Сирија бил јасна порака до сирискиот претседател Башар ал Асад да на го напаѓа Израел. Тој наведе дека неговата земја е во „постојана кампања“ и оти израелската војска извела обемен напад врз ирански цели во Сирија. Тој прецизира дека станува збор за најголеми израелски воздушни удари во Сирија од 1973 година.

Спорт в России и мире
Москва

Блиц-матч по шахматам между двумя командами провели в павильоне «Спорт для каждого»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Виктория Азаренко вышла в полуфинал турнира WTA-1000 в Майами


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Татьяна Марчук выпустила альбом «Экопесенки» на лейбле Riki Music





Путин в России и мире
Москва

Путин уточнил у Беглова причины снижения популярности Петербурга у туристов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире
Москва

Силовики задержали за сутки пятерых журналистов, часть проходит по делу об «участии в работе ФБК», одного жестоко избили при задержании



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Анастасия Волочкова

“Настя — не из дешёвых женщин”, – У Волочковой появился молодой ухажёр с серьёзными намерениями



Москва

Найти код убийства: новый сезон детективного ретро-сериала «Шифр» выйдет 29 марта на Кинопоиске и Wink.ru

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net