Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Май
2018

Новости за 15.05.2018

Протеран турскиот генерален конзул во Ерусалим

SlobodnaEvropa.mk 

Израел го протера турскиот генерален конзул во Ерусалим, соопшти денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Емануел Нахшон. Тој инфромира дека турскиот конзул бил повикан во Министерството и било побарано од него „да се врати во Турција на одреден период заради консултации“. Одлуката на Израел уследи откако претходно денеска Турција соопшти дека побарала од израелскиот амбасадор во Анкара, Ејтан Наех да „се врати во Израел на одредено време“, Наех бил повикан во Министерството за надворешни работи на Турција... Читать дальше...

Тетовец си направил музеј дома

SlobodnaEvropa.mk 

Тетовецот Зоран Јанкуловски во станот каде што живее си направил мини-музеј во кој има педесетина вредни експонати.

Димитров: Ни треба строг пристап кон ЕУ за да станеме стабилна европска демократија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Хаг се сретнал со неговиот холандски колега Стеф Блок, кој, како што соопшти македонското МНР, го поздравил периодот на стабилност во Македонија и ја нагласил потребата од постојан напредок. Димитров, кој од вчера е во посета на Холандија, ги образложил чекорите преземени од Владата на Македонија на внатрешен и надворешен план, како и нивната заемна поврзаност, нагласувајќи дека ЕУ-интеграцијата е најдобрата трансформациска алатка во поддршка на реформскиот процес. Читать дальше...



Ле Дријан: На Блискиот исток на повидок можеби е војна

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дријан ситуацијата на Блискиот Исток денеска ја оцени како „експлозивна“ и ги критикуваше САД поради едностраните чекори во тој регион. „Ситуацијата на Блискиот Исток е експлозивна, се спроведува насилство, на повидок можеби е војна“, изјави Ле Дријан пред пратениците во францускиот Парламент. Францускиот министер за надворешни работи истакна дека безбедноста на Израел, за која рече дека Франција е посветена, не може да го оправда ова ниво на насилство. Читать дальше...

Битола во потрага по ритамот на првиот „Џез фабрика фестивал“

SlobodnaEvropa.mk 

Со учество на еминентни имиња на балканскиот и европскиот џез, музичари како гитаристот Душан Јефтовиќ, пијанистот Васил Хаџиманов, нашите Тони Китановски, Сашо Поповски, ФИРС, од 18 до 20 мај, на неколку сцени во Битола ќе се одржи првото издание на фестивалот „Џез фабрика“.

Ѓорчев: Не го видов напаѓачот на Села

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска сведочеше на рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села од 27 април минатата година, за време на крвавиот четврток во Собранието. Ѓорчев изјавил дека кога ги видел раскрвавените пратеници решил да застане пред нив и да ги брани, но оти не видел кога бил повреден Села, ниту кој бил напаѓачот. Тој пред Судот додал дека претспоставил оти едно лице кое лежело со лицето на подот може да е Села, но се вратил назад да ги брани пратениците. Според него... Читать дальше...

Навални еден месец во затвор поради протестот „Путин не е нашиот цар“

SlobodnaEvropa.mk 

Суд во Москва денеска го осуди рускиот опозициски лидер Алексеј Навални на 30 дена затвор, поради организирање протести во рускиот главен град непосредно пред инаугурацијата на претседателот Владимир Путин. Навални, под слоганот „Тој не е наш цар“, организираше протести во повеќе руски градови на 5 мај. Тој е прогласен за виновен за организирање неодобрен митинг.

Помош од 22 милиони долари од САД за Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Србија и САД потпишаа два договори со кои се обезбедува дополнителна помош од 22 милиони американски долари за зголемување на конкурентноста на економијата и владеењето на правото во Србија, подобрување на медиумското опкружување и борба против корупцијата. По потпишувањето на договорите во Белград со американскиот амбасадор Кајл Скат, српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ, изјави дека од 2001 година САД и доделиле на Србија околу една милијарда долари неповратна помош за подобрување на различни области на животот.



Прво промена на Уставот, па ратификација на договорот, бара грчката опозиција

SlobodnaEvropa.mk 

Уставната промена не треба само да се предвиди, туку и да се примени во пракса пред ратификацијата на договорот, вели Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија. „Непрекршлив предуслов и основна гаранција за конечно решение на прашањето за името на Скопје е промена на нивниот Устав. Промена, што нема само да се предвиди, туку ќе биде применета во пракса пред ратификација на кој било договор“, рекол Кумуцакос, а пренесе МИА.

Анкара: Израелскиот амбасадор да се замине од Турција на одредено време

SlobodnaEvropa.mk 

Турција денеска побара од израелскиот амбасадор во Анакра, Ејтан Наех да „се врати во Израел на одредено време“, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи, објави МИА. Ваквото барање на Наех му било пренесоно на средба во Министерството за надворешни работи на Турција, на која му бил врачен и протест поради мерките што ги презедоа израелските безбедносни сили за време на протестите во Појасот Газа, при што беа убиени над 60 Палестинци. Турција жестоко го осуди насилството во... Читать дальше...

Малолетните од семејства корисници на социјална помош нема да плаќаат партиципација за болничко лекување

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната седница ја донесе програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) која што покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош за 2018 година. Владината прес-служба соопшти дека министрите ги усвоиле конечните извештаи за извршената ревизија на финансиското работење за 2016 година на јавната здравствена установа Институт за јавно здравје и Институт за медицина на трудот.

Германска покраинска министерка поднела оставка поради запоставување на свиња

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за земјоделство и животна средина на германската покраина Северна Рајна - Вестфалија, Кристина Шулце Фекинг денеска поднесе оставка на функцијата, по повеќемесечни критики и добиени аномини закани поради запоставување на свиња на нејзината семејна фарма, јави германската новинаска агенција ДПА.. Според агенцијата, притисокот врз Шулце Фекинг почнал отккао минатото лето на интерент беше објавена видео снимка од нејзината семејна фарма на која се гледа свиња со крвави траги и видливи значи на запоставеност.

Груби: Македонија покажа голема храброст, Европа да покаже уште поголема

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби на седницата посветена на „Француска перспектива врз иднината на ЕУ“ изјави дека Македонија ги исполни сите услови за добивање датум за преговори годинава, дека Македонија настапила храбро и дека сега се очечука иста, дури и поголема храброст и одлучност и од страна на земјите членки на ЕУ во поглед на отпочнување на преговори за членство. „Македонија ја надмина политичката криза, формираше нова влада, оддржа кредибилни и демократски избори... Читать дальше...

Во Владата влегуваат Беса на Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев по денешното судење за „Поткуп“ изјави дека нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам. Според Заев, партијата на Бајрам нема да добие министерски места, туку други позиции. Тој порача дека продолжуваат разговорите и со други субјекти. Заев истакна и дека за имињата одлучуваат партиите, а до крајот на неделата ќе ги формализира и ќе ги достави предлозите до Собранието. При крајот на мај, како што наведе, со новиот... Читать дальше...

Владините сили се борат со талибанците во западен Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистански и НАТО авиони бомбардирале позиции на талибанците откако тие извршија напад во градот Фарах во западниот дел на земјата во близина на границата со Иран. Нападот на талибанците, кое е најголемиот по најавената пролетна офанзива, започна во неколку контролни пунктови при што милитантите воспоставиле контрола врз една населба и делови од друга. Според властите, тешките борби продолжуваат во градот, при што и припадници на специјални сили од Кандахар и Херат биле таму распоредени. НАТО... Читать дальше...

Ѕанакопулос: Далеку сме од решение за спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Во преговорите со нашите соседи има значителен напредок, но ние се уште сме далеку од завршување на преговорите и постигнување на решение, изјави денеска портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос на брифинг со новинарите. Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се очекува да остварат средба на маргините на самитот на ЕУ-Западен Балкан во Софија. Според Ѕанакопулос, средбата ќе биде корисна и важна, но како што наведе, можеби ќе биде потребна нова рунда на преговори... Читать дальше...

На Заев ќе му се суди за барање поткуп, не важат ПИ-мерките

SlobodnaEvropa.mk 

На премиерот Зоран Заев кој е обвинет во случајот „Поткуп’ ќе му се суди за барање, а не примање на мито откако обвинителството побара преквалификација на делото. Судијата Дарко Тодоровски посочи и дека нема да важат ни доказите прибавени со ПИ-мерки. Според него за новото дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 5 години, законот не предвидува следење со примена на ПИ-мерки. Пресудата ќе ја донесе Тодоровски, кој ги ослободил останатите судии поротници поради преквалификацијата на делото. Читать дальше...

Зариф имал конструктивна средба со Могерини за нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф ја нарече многу добра и конструктивна денешната средба во Брисел со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Брисел е последната точка од турнејата на Зариф која има за цел зачувување на меѓународниот нуклеарен договор постигнат во 2015 година меѓу Техеран и светските сили по повлекувањето на САД од него. Неговата средба со Могерини е подготовка за поголемата дискусија која ќе се одвива вечер и на која ќе присуствуваат... Читать дальше...

Нови коалициони партнери за постабилна влада

SlobodnaEvropa.mk 

ДПА е нов коалиционен партенер во Владата. На партијата и понуден министер без ресор задолжен за економија и странски инвестиции, како и заменик министер за транспорт и врски. Исто така во коалицијата ќе влезат БЕСА на Африм Гаши и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.


Музыкальные новости
Бато Багдаев

Культура России: как прошёл конкурс бурятского языка для детей в Бурятии?





Персональные новости
Арцах

Что действительно говорил В. Путин о Нагорном Карабахе?





Нови коалициски партнери за постабилна влада

SlobodnaEvropa.mk 

ДПА е нов коалициски партнер во Владата. На партијата и е понуден министер без ресор задолжен за економија и странски инвестиции, како и заменик министер за транспорт и врски. Исто така во коалицијата ќе влезат БЕСА на Африм Гаши и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

На ДПА и е понуден министер без ресор за влез во Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи пред денешниот состанок на Централното собрание изјави дека имаат конкретна и коректна понуда од премиерот Зоран Заев, неговата партија политички и кадровски да стане дел од Владата. Тачи посочи дека ДПА ќе добие министер без ресор задолжен за економија и странски инвестиции и заменик министер за транспорт и врски, додека за другите позиции формирани се работни групи за да се договорат и тие кадровски решенија. Тој порача дека очекува Централното собрание да донесе одлука за влез на ДПА во Владата.

Путин на отворање на мостот кој ќе го поврзува Крим со Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да присуствува на церемонијата за отворање на мостот кој ќе го поврзува Крим со Русија. Мостот кој е долг 19 километри и чини околу 3,7 милијарди долари, првично требаше да биде отворен во декември, годинава. Путин изјави дека мостот ќе го интегрира Крим во рускиот транспортен систем и ќе создаде можности за економски развој. Русија изврши анексија на Крим во март, 2014 година.

Судењето за „Таргет-Тврдина“ по одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

SlobodnaEvropa.mk 

Денешното рочиште за предметот „Таргет - Тврдина“ на СЈО е одложено за 19 јуни, бидејќи ќе се чека одлуката на Врховниот суд во Атина по барањето за екстрадиција на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски, која треба да биде објавена на 18 мај. Судијката Џенета Бегтовиќ посочи дека на следното рочиште судот ќе се произнесе по барањето за одвојување на постапката за Грујевски и Бошковски во зависност од одлуката за екстрадиција. Обвинителот Трајче Пеливанов од СЈО предложи раздвојување на... Читать дальше...

Владите во Скопје и Атина бројат гласови за поддршка за името

SlobodnaEvropa.mk 

Во пресрет на средбата на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас и можниот пробив во решавањето на проблемот за името, домашните аналитичари не очекуваат поголеми турбуленции ако договорот биде достоинствен.

Катемерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за меѓународен договор за името

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот весник „Катимерини“ јавува дека врз основа на три различни текстови, два од министрите за надворешни работи, и еден од медијаторот, Скопје и Атина продолжуваат да бараат решение за името. Според весникот, ниту еден од текстовите не е конечен и дефинитивен, а главната разлика во разговорите и понатаму е ерга омнес. „Според информациите, врз база на подготовката што беше направена, основно сценарио за разговорите на двајцата лидери ќе биде она на склучување еден меѓународен договор, што ќе... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Сезон 2024 года открыт!


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Свентек выиграла титул WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире
Москва

Путин посетил пасхальную службу в храме Христа Спасителя в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Русских заявил о субсидировании новых авиарейсов до Минска




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Булат Окуджава

Концерт памяти Булата Окуджавы пройдёт на Камчатке



Москва

"Русские должны извиниться!": Таджики в гневе из-за запрета "тусить" в России

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net