123ru.net
World News in Macedonian
Май
2018

Новости за 07.05.2018

Во Албанија откриена норвешка шема за перење пари

SlobodnaEvropa.mk 

Албанското Јавно обвинителство открило шема за перење пари на двајца норвешки државјани, кои ја избрале Албанија да „исперат“ над 800.000 евра, за кои постои сомневање дека се создадени со измама. Врз основа на докази, обвинителството од Ове Јохансон и Јо Борген Нилсен заплени 600 илјади евра, пренесува МИА. „Тие преку фирмата ,,Норвегијан голф девопемнт ас“, регистрирана во Норвешка, регистрирале и фиктивна фирма во Албанија. Нивната активност имала цел перење 800 илјади евра. Истрагата утврди... Читать дальше...

Пучиниевата „Боеми“ за отворање на 46-те Мајски оперски вечери

SlobodnaEvropa.mk 

Со премиерата на „Боеми“ од Џакомо Пучини во режија на Дејан Прошев, со солистите Ѓорѓи Цуцковски и Благица Поп Томова во сторијата за љубовниците Родолфо и Мими, оваа среда, на 9 мај, во МОБ, ќе започне 46 издание на Мајски оперски вечери, еден од ретките оперски фестивали во Европа. Манифестацијата ќе се одвива под мотото „Го славиме Пучини“ во чест на 160-годишнината од раѓањето на безвремениот оперски мајстор.

Џонсон - Трамп заслужува Нобелова награда ако ги реши Иран и Корејскиот поулуостров

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја заслужува Нобеловата награда за мир ако успее да го реши проблемот со Иран и на Корејскиот Полуостров. „Ако Трамп може да ја реши кризата поврзана со Северна Кореја и нуклеарниот договор со Иран, не гледам зошто тој би бил помалку кандидат за Нобеловата награда за мир од Барак Обама“, изјави Џонсон за „Скај њуз“.



ЕУ го поканила Хашим Тачи на Самитот во Софија

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи добил покана од ЕУ и од Бугарија да учествува на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Софија, што ќе се одржи на 17 мај, објави приштинскиот весник „Експрес“. Весникот посочува дека на поканата до Тачи потпишани се претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Претходно беше објавено дека на Самитот ќе учествува косовскиот премиер Рамуш Харадинај, но неговиот советник Авни... Читать дальше...

Во Лепенец пронајдено телото и на вториот косовски полицаец

SlobodnaEvropa.mk 

По деветневна потрага, попладнево во реката Лепенец е пронајдено телото и на вториот косовски полицаец, Арменд Трена. Како што потврдија од Специјалната единица за спасување на Безбедносните сили на Косово, кои покрај другите надлежни служби беа вклучени во потрагата, телото било пронајдено попладнево на шест километри од местото на несреќата. Телото на полицаецот Малесор Даши (26), беше пронајдено на 3 мај на пет километри од местото на несреќата. Тој беше погребан наредниот ден, во родното село, кај Качаник. Читать дальше...

ОН: Меѓу убиените во воздушниот напад во Авганистан имало 30 деца

SlobodnaEvropa.mk 

Мисијата на Обединети нации во Авганистан соопшти дека 30 деца биле меѓу жртвите при минатомесечниот воздушен напад на авганистанската авијација. Авганистански официјални лица тврдат дека тоа бил напад на бунтовници. Во извештај на ОН објавен денеска се наведува дека во нападот на 2 април загинале 36 лица, како и дека имало верска церемонија во провинцијата Кундуз, на која присуствувале стотици мажи и момчиња. Исто така, се наведува дека тогаш биле повредени 71 лице, меѓу кои 51 дете. ОН наведува... Читать дальше...

Влада: ангажирани 33 надворешни соработници, 13 посебни советници и 10 советници

SlobodnaEvropa.mk 

Тринаесет посебни советници, десет советници и 33 надворешни соработници има премиерот Зоран Заев ангажирано во својот кабинет. Ова e одговор од Владата што го доби Радио Слободна Европа на прашањата колку вкупно советници и надворешни советници има ангажирано премиерот Заев. Најбројни се надворешните соработници за кои како што пишуваат од Владата “не предвидува објавување на оглас бидејќи не станува збор за вработување туку ангажман со времен рок”. Во списокот кој го доставија покрај последното... Читать дальше...

Договор во последен момент или нови избори во Италија

SlobodnaEvropa.mk 

Ако не се постигне договор во последен момент за формирање на нова влада Италија треба да одржи нови избори на 8 јули, откако пред два месеца беа одржани избори без јасен исход, соопштија денеска Движењето пет ѕвезди и ултрадесничарската партија Лига. Лидерот на Лига, Матео Салвини и лидерот на Движењето пет ѕвезди Луиџи ди Мајо предложија датум за повторни избори по средбата во Парламентот, додека претседателот на Италија, Серџо Матарела одржува последна рунда консултации во обид да издејствува политички договор помеѓу партиите. Читать дальше...



Трамп ја брани својата кандидатка за ЦИА

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на Џина Хаспел, која тој ја номинираше за директорка на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Според него, демократите не ја сакаат Хаспел поради нејзиниот „премногу остар став кон тероризмот“. Трамп на Твитер напиша дека Хаспел е најквалификувана за директор на ЦИА. Претходно медиумите објавија дека Хаспел сакала да ја повлече кандидатурата поради стравувањата за нејзината улога во програмата на агенцијата за распити.

Заев: Шаќири може да помогне ако се појават радикални групи

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев, по денешното рочиште за случајот „Поткуп“, на новинарско прашање, одговори дека го назначил за надворешен советник Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа, бидејќи тој би можел да помогне ако се појават екстремистички групи. „Тој може многу да помогне доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата каде што живее, каде што го познава теренот, а може да помогне и во граењето на концептот Едно општество за сите“, рече Заев. На прашањето зошто... Читать дальше...

Обвинети 12 лица за смртта на малата Тамара

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти денеска дека е поднесено обвинение против 12 лица за несовесно работење во службата во случајот со лекувањето на Тамара Димовска. За случајот, според соопштението, обвинети се петте члена на Првостепената и членовите на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ. Тамара... Читать дальше...

Заев даде исказ за „Поткуп“, тврди дека е наместен

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска во Кривичниот суд даваше исказ како обвинет во случајот „Поткуп“ во врска со постапката за продажба на државно градежно земјиште. Според Заев, сведокот Иван Николов пред да биде снимено видеото му пристапил и почнал да разговара за донацијата за црквата и дека не можел да донира по три евра за метар квадратен од причина што власта ќе го смета тоа како поддршка за него. Заев му одговорил на Николов дека „тоа е меѓу него и Господ и дека колку милува, толку и да донира“. Читать дальше...

Иванов и Заев согласни оти НБРМ не смее да биде без гувернер

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вила Водно се согласиле оти Народна банка не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. Иванов, како што наведуваат од неговиот кабинет, смета дека Димитар Богов е најквалитетна, најпрофесионална и најсоодветна личност за извршување на функцијата и затоа го предложил за втор мандат на функцијата гувернер. Иванов го информирал Заев дека пред да ја донесе одлуката... Читать дальше...

Путин го номинираше Медведев за премиер на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин предложил премиерот Дмитри Медведев да остане на функцијата. Путин, кој на претседателските избори во март доби 76 отсто од гласовите и се избори за нов шест годишен мандат денеска на церемонијата во Кремљ положи заклетва на функцијата. По инаугурацијата Владата автоматски поднесува оставка, а Путин со указ именува мандатар за состав на нова влада.

Пашинијан повика на масовни протести во Ереван

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан повика на масовни протести во Ереван пред утрешното гласање во Парламентот за неговото назначување за премиер на земјата. Според него, целата на протестите е да се предизвика притисок врз владејачката Републиканска партија за гласањето. Пашинијан порача и дека неговите поддржувачи треба да бидат подготвени да започнат акти на ненасилна граѓанска непослушност, бидејќи нема целосна гаранција оти Републиканската партија ќе го исполни ветувањето дека ќе го избере него за премиер.

Казахстан со ново воено тело против сајбер закани

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев изјави дека е формирано ново воено тело кое ќе има за цел да ја штити земјата од сајбер закани. Тој за време на парадата на прославата на денот на армијата истакна дека новите специјални единици веќе се формирани и се дел од министерството за обрана. Во воената парада учествуваа околу 3000 војници, 40 авиони и 300 возила.

Колку советници има Заев?

SlobodnaEvropa.mk 

По назначувањето на Џезаир Шаќири за надворешен соработник на премиерот Зоран Заев, но откако претходно некои личности влегоа во неговиот кабинет, дел од упатените велат дека треба да се внимава кој се се ангажира.

Синдикатот на Југохром се закани со протести, бара средба со Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Синдикатот на Југохром од Јегуновце најавува протести пред Владата доколку до крајот на неделава не оствари средба со премиерот Зоран Заев за статусот на комбинатот. Од синдикатот наведуваат дека побарале средба на 17 април, но таа не се реализирала. Во ноември, минатата година Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затворање на „Југохром“ бидејќи во предвидениот рок, кој истече на 31-ви октомври сѐ уште не беа поставени филтрите за прочистување на воздухот.

Неизвесен крај на преговорите за името

SlobodnaEvropa.mk 

Интензивната динамика на средби и разговори за спорот за името продолжува и следниот период. Дел од експертите сметаат дека треба да се биде повнимателен околу оптимистичките прогнози за решение и дека е крајно неизвесно дали деценискиот спор ќе се заврши за неполна година


Музыкальные новости
Певица

Певица из Коми участвует в телеконкурсе "Звезда"





Персональные новости
Россия

Где в России жить хорошо?





Авганистанската полиција спречила бомбашки напад

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските власти соопштија дека полицијата застрелала бомбаш самоубиец додека се подготвувал да изврши напад врз објект за донирање на крв во центарот на Кабул. Според нив, полицијата веднаш реагирала кога го забележала напаѓачот кој носел елек со експлозивна направа. Се уште никој не презема одговорност за обидот за напад. Волонтери собирале крв за преживеаните од двојниот самоубиствен бомбашки напад на 30 април при кој загинаа 25 луѓе.

Украински војник загинал во судирите во источниот дел на земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Украинските власти соопштија дека еден војник загинал, а четворица биле повредени во судирите во источниот дел на земјата. Според нив, проруските сепаратисти го прекршиле примирјето 80 пати во изминатите 24 часа. Во меѓувреме проруските сепаратисти тврдеа дека украинските владини сили исто така го прекршиле примирјето 30 пати, а за време на нападите повредиле и еден цивил. Од почетокот на конфликтот во април 2014 до сега загинале 10 300 луѓе.

Путин инаугуриран за претседател на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва на функцијата на церемонијата во Кремљ. Путин на претседателските избори во март доби 76 насто од гласовите и се избори за нов шест годишен мандат. На инаугурацијата и претходеа демонстрации против Путин во саботата во Москва и во други градови на Русија, а кои се одржаа на повик на опозиционерот Алексеј Навални под паролата „Тој не е цар“. Тогаш беа приведени околу илјада и шестотини луѓе. По инаугурацијата Владата автоматски поднесува оставка... Читать дальше...

Иран со закана до САД за нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека САД ќе зажалат за одлуката за повлекување од нуклеарниот договор. Според него, Иран жестоко ќе се спротивстави на притисокот на САД да го ограничи влијанието на земјата на Блискиот Исток. Во меѓувреме и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф порача дека одговор на неговата земја за прекршувањето на договорот нема да биде пријатен за САД. Британија и Германија ги засилија напорите да го убедат американскиот претседател Доналд Трамп... Читать дальше...

Ѕанакопулос: Предуслов за решение за името е промена на Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Алфа 984“ изјави дека предуслов за решавање на спорот е Македонија да ја прифати обврската за промена на уставното име. „Потребен е договор кој јасно ќе ги опише чекорите на решението. Промена на името во меѓународните односи, во продолжение признавање, на пример, од грчка страна, потоа промена на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија за во Уставот да се вклучи новото име, а... Читать дальше...

Кандидатката за шефица на ЦИА понуди да се повлече

SlobodnaEvropa.mk 

Кандидатката на претседателот на САД Доналд Трамп за нова шефица на ЦИА Џина Хаспел понуди да се откаже од функцијата поради загриженоста на Белата куќа дека нејзината улога во суровото испитување осомничени лица за тероризам би можело да го спречи нејзиниот избор во Сенатот. Сепак, Белата куќа вчера соопшти дека останува на кандидатурата на Хаспел. Досегашната заменичка на директорот на ЦИА кратко време беше на чело на тајниот затвор на Тајланд во 2002 година кога двајца осомничени припадници на... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

GeekVape в сотрудничестве с Absolute Racing выиграла чемпионат в категории GT3


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Янник Синнер

Янник Синнер поделился впечатлениями от общения с игроками сборной Италии по футболу


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Татьяна Марчук выпустила альбом «Экопесенки» на лейбле Riki Music





Путин в России и мире
Москва

Путин удивился третьему месту Санкт-Петербурга в туристическом рейтинге


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире
Москва

Силовики задержали за сутки пятерых журналистов, часть проходит по делу об «участии в работе ФБК», одного жестоко избили при задержании



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Виктор Пинчук

Творческая встреча с искателем приключений состоится в Симферополе



Москва

Websoft объявила «Партнеров года» на конференции Websoft.Практика 2024

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net